САД воведува нови санкции кон Русија


Стејт департментот соопшти дека САД ќе воведат нови санкции кон Русија поради употреба на хемиско оружје во обидот за атентат на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија. Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери и повеќе недели беа во критична здравствена состојба. По излегувањето …

САД воведува нови санкции кон Русија Read More »

Јакимовски – појак од судбината, но не и од истрагата


Кога пред неполна седмица камерите на една телевизија го уловија Стевчо Јакимовски како навидум безгрижно шета низ улицата „Македонија“ во друштво на поранешниот премиер Никола Груевски, некогашниот градоначалник на Карпош можеби не претпоставувал дека набрзо потоа во неговиот дом ќе влезе полицијата со налог за претрес. И дека ќе ја помине ноќта во полициска станица …

Јакимовски – појак од судбината, но не и од истрагата Read More »

(ВИДЕО) Дуа Липа за концертот во Приштина: Косово го ставивме на светска културна мапа


Поп-пејачката Дуа Липа вечерва во Приштина одржа пресконференција по повод фестивалот „Сани хил фестивал“ кој е во организација на нејзиниот татко Дукаѓин Липа. Фестивалот ќе има три музички вечери и ќе се одржува од 10 до 12 август во паркот Гермиа во Приштина. – Сè уште ме прашуваат за моето потекло и за тоа каде …

(ВИДЕО) Дуа Липа за концертот во Приштина: Косово го ставивме на светска културна мапа Read More »

Анкета на МЦМС: За СДСМ би гласале 24,4%, за ВМРО ДПМНЕ 24%


МЦМС објави анкета со рејтинзи на партиите.  На прашањето за која партија ќе гласате доколку утре се одржат  парламентарни избори, податоците од анкетата  на МЦМС покажува дека за СДСМ би гласале 24,4%,  а за ВМРО-ДПМНЕ 24%.  За ДУИ  би гласале 6,9%, додека за  Алијанса за Албанците 2,7% . Беса би добила 1,7 проценти . За …

Анкета на МЦМС: За СДСМ би гласале 24,4%, за ВМРО ДПМНЕ 24% Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: МВР лажеше дека апсело терористи за да ги покрие скандалите


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и СДСМ се срам за Македонија и го нарушуваат нејзиниот углед со лаги и манипулации, бидејќи вчера излажале дека МВР уапсила седуммина македонски државјани што се бореле со терористите во Сирија, а всушност станувало збор само за преземање на уапсените. „За да ги покрие скандалите, …

ВМРО-ДПМНЕ: МВР лажеше дека апсело терористи за да ги покрие скандалите Read More »

(ФОТО) Димитров и Заев со поздрав од Охрид


Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров споделија на социјалните мрежи фотографија од плажа во Охрид. Димитров на својот профил на „Фејсбук“ на споделената фотографија напиша „Work hard, play hard“.

Акцијаши и тендераши


Звонко Давидовиќ Мечкин Камен и Крушево во 1903 година ечат од гласот на народот и водачите на Илинденското востание кои силно и едногласно повикуваат: „Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за …

Акцијаши и тендераши Read More »

(ВИДЕО) Јакимовски до новинарите: „Ма идете во пи**у матер“


Стевчо Јакимовски, поранешен градоначалник на општина Карпош денеска беше донесен на распит во судот. На барање од новинарите тој да даде коментар за ситуацијата тој им се обрати со зборовите: „Ма идете во пи**у матер“. Кривична пријава е покрената денеска против Јакимовски, поради злоупотреба на службената положба и овластувања. Видеото е на Макфакс    

Прободен 25 годишен кавадарчанец


Дваесет и петгодишен кавадарчанец вчера од сограѓанин бил прободен со остар предмет. Поради сериозноста на повредите, повредениот е пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Од МВР соопштија дека од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека на улицата „Тиквешко Востание“ било земено лицето Ј.М. со убодни рани од остар предмет. Тој бил пренесен …

Прободен 25 годишен кавадарчанец Read More »

Кривична за полицаец за одземање на мобилен од мигрант


Полицаец од Регионалниот центар за гранични работи Север заработи кривична пријава за одземање мобилен телефон од мигрант и за издавање фиктивна потврда за вратени предмети. Како што соопшти МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против З.С. – вработен во РЦГРС поради …

Кривична за полицаец за одземање на мобилен од мигрант Read More »

Референдумот ќе ја отслика и ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе одлучува до последен миг


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, според партиски извори, е во постојани консултации со членството и со експерти околу настапот на партијата во текот на референдумската кампања. Сепак, во наредните десетина дена не се очекува опозициската партија да излезе со конкретен став околу тоа каква порака ќе им испрати на своите поддржувачи околу (не)учеството на референдумот. Одлуката за …

Референдумот ќе ја отслика и ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе одлучува до последен миг Read More »

Ќе ја доупропастуваат ли Македонија?


Ерол Ризаов Лесно е со отровни зборови да се подбуцнуваат и да се манипулираат сиромашни и чесни луѓе кои си ги сакаат татковината и родните огништа, иако со децении залудно чекаат да им се насмевне среќата која никако да допре до две третини од населението. На овие ограбени и напатени луѓе деновиве во изобилие им …

Ќе ја доупропастуваат ли Македонија? Read More »

Левица бара Уставниот суд да ја поништи одлуката за референдум


Политичката партија Левица денеска поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдум донесена од страна на Собранието на Република Македонија. Одлуката, според паријата, по неколку точки не е во согласност со Уставот, Законот за референдум, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на …

Левица бара Уставниот суд да ја поништи одлуката за референдум Read More »

Каменос: „Независни Грци“ ќе ја напуштат владата


Пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата, а земјата ќе оди на избори, вели лидерот на партијата Панос Каменос, коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција. Во интервју за радиото „Реал фм“, тој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да …

Каменос: „Независни Грци“ ќе ја напуштат владата Read More »

Стефан Марковски на книжевна резиденција во Сан Себастијан


Македонскиот писател Стефан Марковски е македонски претставник на годинешното издание на програмата „Other words“ во шпанскиот град Сан Себастијан во периодот од 10 август до 1 октомври. Во рамки на резиденцијалниот престој, Марковски ќе го претстави своето творештво пред баскиската публика и ќе создаде кратко книжевно-уметничко дело кое ќе биде преведено и објавено на неколку …

Стефан Марковски на книжевна резиденција во Сан Себастијан Read More »

Прв фестивал на светлосна уметност во Скопје


Во Старата скопска чаршија на шести октомври годинава ќе се одржи првиот фестивал на светлосна уметност. За таа цел Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална сала) Скопје ги повикува сите заинтересирани да аплицираат на отворениот јавен повик кој ќе трае до 20 овој месец. На фестивалот може да учествуваат автори од земјата и странство кои креираат …

Прв фестивал на светлосна уметност во Скопје Read More »

Комерцијална банка влезе во Тирана банка


Комерцијална банка Скопје ја информираше Македонска берза дека заедно со групацијата Балфин потпишале обврзувачки договор со Пиреус банка за купување на акциите на Тирана банка. Мнозинството акции ќе ги поседува Балфин. „Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, предводена од меѓународен Управен …

Комерцијална банка влезе во Тирана банка Read More »

Се ограничуваат трошоците кои граѓаните ги плаќаат за брзи кредити до 200 евра


Се намалуваат високите трошоци за брзите кредити кои ги издаваат финансиски друштва, но и една банка. Со законските измени, што ги изготви Министерството за финансии, вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на 55 проценти од кредитот, кои досега достигнуваа и до 500 проценти од сумата на кредитот. Со измените се опфаќаат мали кредити …

Се ограничуваат трошоците кои граѓаните ги плаќаат за брзи кредити до 200 евра Read More »

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за …

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за излез од државата Read More »

По четири дена, МВР призна дека џипот бил злоупотребен


Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски по четири дена призна дека го злоупотребил полицискиот џип и дека неговиот телохранител ја однел ќерка му да летува во Грција. По внатрешната истрага што ја спроведе, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утврдил дека не била запазена процедурата за службено патување и, и покрај налогот, не …

По четири дена, МВР призна дека џипот бил злоупотребен Read More »