(ВИДЕО) Дуа Липа за концертот во Приштина: Косово го ставивме на светска културна мапа


Поп-пејачката Дуа Липа вечерва во Приштина одржа пресконференција по повод фестивалот „Сани хил фестивал“ кој е во организација на нејзиниот татко Дукаѓин Липа.

Фестивалот ќе има три музички вечери и ќе се одржува од 10 до 12 август во паркот Гермиа во Приштина.

– Сè уште ме прашуваат за моето потекло и за тоа каде се наоѓа Косово. Но, горда сум што од тука излегоа имиња како Рита Ора, Бебе Реџа, Ера Иштрефи, имиња кои се добро профилирани во светската музичка индустрија и допринесуваат во таа сфера. Драго ми е што и со овој фестивал повеќе ќе ја промовираме нашата земја и ја поставуваме на светската културна мапа – рече Дуа Липа.

Новинарите ја потсетија Дуа Липа дека Рита Ора на концертот во Приштина по повод независноста на земјата носела традиционална албанска облека, па ја запрашаа дали таа подготвува некое изненадување за публиката, на што Дуа низ смеа одгвори: Ќе облечам црвено и црно.

Нејзиниот татко Дукаѓин најави дека има планови овој фестивал на прерасне во традиција и да трае долго со тоа што секоја година ќе носат се подобри и подобри музички имиња.

Тие одвоија и 100 илјади евра кои ги донираа на пет музички училишта во Косово.

– Ние сакаме овој фестивал да има долг живот и да се одржува секоја година, така што во секое издание ќе носиме различни уметници. Следната година ќе ја поканиме и Рита Ора и Бебе Реџа – рече Дукаѓин и додаде дека овој фестивал немаше да има шанса да се реализира без бројни пријатели од Косово, регионот и странство.

На фестивалот покрај Дуа Липа, ќе настапи и Мартин Гарикс, но и бројни локални и странски бендови и диџеи.