Повикани во полиција родителите на децата кои го фрлија девојчето од прозор


Индицентот со 14-годишното девојче кое било фрлило од четири соученици од прозорецот на училницата на приземје се случил во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската населба Аеродром. Случајот денеска во полиција го пријавил Е.Ц. (50). Инцидентот се случил во петокот во периодот од 10:30 до 11 часот за време на малиот одмор кога четирите соученици …

Повикани во полиција родителите на децата кои го фрлија девојчето од прозор Read More »

„Катимерини“ објави стенограми од лидерските средби во Македонија


Под наслов „Доверливите стенограми од лидерите на ПЈРМ“, грчкиот весник „Катимерини“ денес објавува дијалози од лидерските средби во Македонија одржани на 27 јануари и на 19 мај годинава, пред потпишувањето на договорот со Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во неколку различни текстови, посветени на двете лидерски средби, „Катимерини“ детално ги пренесува …

„Катимерини“ објави стенограми од лидерските средби во Македонија Read More »

Евростат: ЕУ минатата година увезе три милиони тони кафе


Европската унија во текот на 2017 година увезе речиси три милиони тони кафе, што е за пет отсто повеќе во однос на увезеното количество од пред десет години, покажуваат податоците на Евростат. По повод Светскиот ден на кафето, Евростат објави дека најголемо количество кафе е увезено од земјите кои не се членки на ЕУ, од …

Евростат: ЕУ минатата година увезе три милиони тони кафе Read More »

Фајон: Секое друго сценарио освен компромис со Грција е чекор назад


Пратеничката од групата на европските социјалдемократи, Тања Фајон за МИА вели дека е многу задоволна со убедливата поддршка која сите граѓани на Македонија и ја дадоа на Спогодбата со Грција и покрај фактот што загрижува неизлезеноста. Таа смета дека сега на ред е Собранието за усвојувањето на уставните амандмани. – Премиерот Заев ја има мојата …

Фајон: Секое друго сценарио освен компромис со Грција е чекор назад Read More »

Ограбено десетгодишно дете во Скопје


Десетгодишно дете вчера било ограбено на „Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје. МВР соопшти дека вчера во 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Г.М. (45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.40 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ две непознати лица извршиле разбојништво во обид врз неговиот десетгодишен син. Додека детето се …

Ограбено десетгодишно дете во Скопје Read More »

Во Италија и Грција запленети 315 килограми албанска марихуана


Во две одделени акции, италијанската и грчката полиција запленија 315 килограми марихуана прошверцувана од Албанија. Полицијата од италијанскиот град Рагуза на осторвот Сицилија заплени 190 килограми марихуана, чија вредност на нарко пазарот е проценета на 1,5 милиони евра. Во акцијата се уапсени двајца албански државјани на возраст од 28 година, од кои се одземени 3.000 …

Во Италија и Грција запленети 315 килограми албанска марихуана Read More »

Микроистражување за образованието на Ромите


Од 85 испитаници матуранти Роми од Република Македонија 53 (63 отсто) планираат да го продолжат своето образование на додипломски студии на некои од универзитетите во Македонија, а 19 матуранти (22 отсто) одлучиле да не го продолжат своето образование. Ова го покажува микроистражувањето „Ставови и мотиви на матурантите Роми за (не) продолжување на своето образование“ од …

Микроистражување за образованието на Ромите Read More »

Албанија забранува увоз на возила постари од десет години


Од први јануари наредната година Албанија ќе забрани увоз на возила, постари од десет години. Одлуката веќе е потпишана од министерот за инфраструктура и енергетика Дамиан Ѓикнури и туризам и заштита на животната средина, Бленди Кљоси, а деновиве треба да помине на Влада. Како што изјави министерот Кљоси, увозот на возила постари од десет години …

Албанија забранува увоз на возила постари од десет години Read More »

Економски раст и политичка неизвесност не одат заедно


Само што почна да расте, политичката неизвесност предизвикана од референдумот се заканува да ја парализира економијата, доколку потрае. Дотолку повеќе што во турбулентни времиња Владата ниту може ниту смее да прави покрупни зафати во политиките. Новонастанатата ситуација ја продолжува неизвесноста, која негативно влијае врз бизнис-окружувањето, укажува универзитетскиот професор Марјан Петрески забележувајќи дека ваков исход од …

Економски раст и политичка неизвесност не одат заедно Read More »

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драга Данев вели дека нема да гласа за уставните измени што произлегуваат од договорот со Грција. -За мене таа работа е завршена. Референдумот не успеа и јас како пратеник нема да гласам за уставни измени, изјави Данев за „Независен весник“. Во очекување на консултациите меѓу мнозинството и ВМРО-ДПМНЕ за …

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени Read More »

УНИЦЕФ: Младите да осмислат решенија за „Крај на насилството врз децата и меѓу децата“


 Младите треба да се вклучат во глобалната иницијатива „Генерација без граници“ и да осмислат решенија за спречување на насилството, вклучувајќи го и врсничкото насилство и насилството преку интернет. Ова го соопштија од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, од каде наведуваат дека победничките кандидати ќе придонесат кон успехот на светската иницијатива „Генерација без граници“, која претставува ново, …

УНИЦЕФ: Младите да осмислат решенија за „Крај на насилството врз децата и меѓу децата“ Read More »

Хачинсон: Се чека одлуката на парламентот за да ве поздравиме во НАТО


Амбасадорката на САД во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, оцени дека се задоволни што гласањето на референдумот во Македонија беше над 90 проценти и дека сега ја чекаат одлуката на парламентот  за да нѐпоздрават како членка  на НАТО во блиска иднина. На забелешка на новинар од „Вашингтон пост“  дека граѓаните не покажале голем ентузијазам на референдумот, таа …

Хачинсон: Се чека одлуката на парламентот за да ве поздравиме во НАТО Read More »

Манчевски: Нашата цел е да им обезбедиме на граѓаните брзи и евтини услуги


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на конференцијата „Посилни со Циско“, во организација на Циско-Македонија, се осврна на проектите на кои работат со цел дигитализација на Македонија, со посебен фокус на обезбедување на сајбер безбедност. – Секој субјект што е online, на интернет, се соочува со два проблеми. Од една страна …

Манчевски: Нашата цел е да им обезбедиме на граѓаните брзи и евтини услуги Read More »

Столтенберг: Нема членство во НАТО без уставни измени


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ќе продолжат претпристапните преговори  со Македонија, сѐ додека нашата земја го бара тоа. Но единствен начин, државата да стане членка, како што нагласи, е да го имплементира преспанскиот договор. -Скопје е тоа што треба да реши како ќе продолжи, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел, пред утрешниот …

Столтенберг: Нема членство во НАТО без уставни измени Read More »

Шест приговори за референдумот до ДИК, рокот за подонесување до 22 часот


До ДИК досега се пристигнати шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите за референдумот што се одржа во неделата на 30 септември. Приговорите се однесуваат на гласачки места во Куманово и во Виница, а во еден од нив се бара увид во целокупниот материјал од гласањето. Рокот за поднесување  на приговорите …

Шест приговори за референдумот до ДИК, рокот за подонесување до 22 часот Read More »

Двајца повредени во превртеното возило со мигранти 


Според информацијата од СВР Велес, утрово околу 06.30 часот на автопатот Градско – Велес, патничко возило  „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело. По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени  13 мигранти од кои двајца биле повредени. Тие биле пренесени во …

Двајца повредени во превртеното возило со мигранти  Read More »

Бруцошите со ентузијазам, се надеваат на успешна перспектива


Бруцошите вчера дојдоа на првиот академски час со ентузијазам дека изборот на факултетот на кој се запишале ќе им обезбеди успешна перспектива. Се надеваат дека знаењата што ќе ги стекнат ќе ги применат во професијата. Најголемиот дел од нив се гледаат во приватниот сектор, ама има и такви што сметаа дека и администрацијата е добро …

Бруцошите со ентузијазам, се надеваат на успешна перспектива Read More »

Втора рунда за договорот: Брзи измени или брзи избори


Нема дилеми дека ќе продолжи спроведувањето на преспанскиот договор по завчерашниот референдум кој не ги исполни очекувањата во однос на одѕивот, ама ги потврди прогнозите за апсолутна доминација на опцијата „за“ наспроти одговорот „против“ на референдумското прашање. Ден потоа, сепак, останува дилема дали уставните измени ќе ги носи актуелниот парламентарен состав или некоја нова собраниска …

Втора рунда за договорот: Брзи измени или брзи избори Read More »

Дипломатската свита од времето на ВМРО-ДПМНЕ се враќа дома


Васко Наумовски, досегашен амбасадор на Македонија во САД, се враќа дома на 31 овој месец. Претседателот Ѓорге Иванов веќе го потпишал указот за отповикување на Наумовски од амбасадорската должност. Одлуката е објавена во „Службен весник“ на 17 септември, заедно со указите за отповикување на уште десетина македонски амбасадори, главно од европски земји, но и од …

Дипломатската свита од времето на ВМРО-ДПМНЕ се враќа дома Read More »

Бејли: Останува на Парламентот да ги преземе следните чекори за имплементација на Договорот


САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор. Сега по консултативниот референдум останува на Парламентот да ги преземе следните чекори во неговата имплементација, порача денеска американскиот амбасадор Џемс Бејли повторувајќи го ставот на Стејт департментот. – Ние го поздравивме резултатот од консултативниот референдум во кој голем број граѓани се изјаснија „за“ продолжување на патот на Македонија кон …

Бејли: Останува на Парламентот да ги преземе следните чекори за имплементација на Договорот Read More »