Хачинсон: Се чека одлуката на парламентот за да ве поздравиме во НАТО


Амбасадорката на САД во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, оцени дека се задоволни што гласањето на референдумот во Македонија беше над 90 проценти и дека сега ја чекаат одлуката на парламентот  за да нѐпоздрават како членка  на НАТО во блиска иднина.

На забелешка на новинар од „Вашингтон пост“  дека граѓаните не покажале голем ентузијазам на референдумот, таа одговори дека гласањето било позитивно и дека луѓето  треба  да решат сакаат ли Македонија да стане членка или не.

Пред почетокот на министерскиот состанок  на НАТО во Брисел, Хачинсон истакна  дека Македонија има стабилна влада која сака членство, дека работат со неа и и дека е силно решена да ги спроведе бараните реформи. (С.Ј.)