Столтенберг: Нема членство во НАТО без уставни измени


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека ќе продолжат претпристапните преговори  со Македонија, сѐ додека нашата земја го бара тоа. Но единствен начин, државата да стане членка, како што нагласи, е да го имплементира преспанскиот договор.

-Скопје е тоа што треба да реши како ќе продолжи, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел, пред утрешниот почеток на министерскиот совет на НАТО.

Тој нагласи дека македонскиот парламент треба да ги направи уставните промени.

Некои гледаат можност да го отфрлат договорот од Преспа и земјата да добие членство, но тоа нема да се случи, рече Столтенберг.  (С.Ј.)