Писмо на Пенс до Заев: Бидете уверени во мојата поддршка


Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс испрати писмо до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во кое му изразува уверување за неговата континуирана поддршка во овој важен момент за земјата. Во писмото, соопшти владината прес служба, потпретседателот Пенс пишува дека му претставувало чест да се сретне со премиерот Заев на 20 септември …

Писмо на Пенс до Заев: Бидете уверени во мојата поддршка Read More »

Во сообраќајна несреќа во Грција изгореа 11 бегалци и мигранти


На регионалниот пат меѓу грчките градови Кавала и Солун, во сообраќајна несреќа рано утрово животот го загубија 11 лица откако комбето во кое што се превезувале се судрило со камион, а двете возила се запалиле. Според грчките медиуми, 11-те лица кои изгореле живи биле бегалци и мигранти. Поради тоа што телата биле јагленосани, идентификација ќе …

Во сообраќајна несреќа во Грција изгореа 11 бегалци и мигранти Read More »

Под лупа дипломите од факултет и средно образование на вработените во МВР


Во Министерството за внатрешни работи се чешлаат дипломите на вработените и оние за стекнато средно образование меѓутоа и добиените дипломи за високо образование. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски за „Независен весник“ вели дека работат на откривање на нови случаи на вработени со фалсификувани дипломи, под сомнение има, ама се анализираат. Најави дека наскоро, по завршувањето …

Под лупа дипломите од факултет и средно образование на вработените во МВР Read More »

Црна Гора разгледува воведување неработна недела во трговијата


Во Црна Гора се разгледува можноста за воведување на неработна недела во продавниците. Синџирот на малопродажни продавници што сугерира дека неделата е неработен ден, поддржан е од Комитетот за трговија на Стопанската комора. Политичкиот аналитичар Предраг Дрецун изјави за црногорски портал дека ова ќе биде значајна промена во навиките на потрошувачите и трговците, бидејќи тие …

Црна Гора разгледува воведување неработна недела во трговијата Read More »

Каматите ќе се отпишат ако пратениците не се самораспуштат


Отпишување на камати за старите долгови на граѓаните ќе има само доколку пратениците не се самораспуштат. Предлог-законот треба да се разгледува на собраниска седница по понеделничката седница за уставните измени. Или, како што беше речено на Комисијата за финансирање и буџет, некој нов собраниски состав ќе треба да го гласа законот. Станува збор за отпис …

Каматите ќе се отпишат ако пратениците не се самораспуштат Read More »

„Поштенска банка“ е нова истрага на СЈО


Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите отвори нова истрага со кодно име „Поштенска банка“. Станува збор, како што соопштуваат од СЈО, за финансиска истрага, во рамки на која, три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд …

„Поштенска банка“ е нова истрага на СЈО Read More »

Тевдовски: Од Светска банка за Македонија околу 400 милиони евра


Светска банка ќе и стави на располагање околу 400 милиони евра на Македонија за проекти во следните четири години. Ова беше нагласено на годишните средби на ММФ и Светска банка на кои учествува македонска делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска. За пакет проектите и новата стратегија …

Тевдовски: Од Светска банка за Македонија околу 400 милиони евра Read More »

Откупната цена е ниска, пченица и пченка не се сади


Македонија првпат има доволно пченка за да ги задоволи домашните потреби, но просечната откупна цена е многу ниска-осум денари за килограм. Тоа, предупредуваат земјоделците, ќе се одрази на сеидбата за 2019 година.  сеидбата на пченицата е доведена во прашање поради ниската откупна цена што достигна 7,5 до 8 денари, а не 10,5 денари, како што пред …

Откупната цена е ниска, пченица и пченка не се сади Read More »

НАТО гради прва база во Албанија


Албанската база во Кучово, која одамна е „гробишта на авиони” кои некогаш биле дел од воздухопловството, ќе стане нова воздухопловна база на НАТО. Албанските мигови, коишто се претежно од кинеско и од руско производство, не летаат од 2005 година, додека албанскиот воздушен простор го надгледуваат Италија и Грција. „Базата е прв потпис на НАТО на …

НАТО гради прва база во Албанија Read More »

Сончево и малку ветровито


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во источните делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 21 до 28 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата …

Сончево и малку ветровито Read More »

Фондот за иновации ќе дава пари откако ќе процени ризик


Фондот за иновации во иднина ќе доделува пари само на фирми коишто ќе  го поминат протоколот за проценка на ризик. На усвојување на новиот протокол чекаат и четирите компании кои аплицираа за помош а во чија сопственичка структура има и владини функционери. „Во моментов се работи на посебен протокол како системско решение што ќе овозможи …

Фондот за иновации ќе дава пари откако ќе процени ризик Read More »

Хрватска: 40 евра казна за сообраќаен прекршок на возило на српската Влада


Хрватската полиција запре возило на српската Влада и поради сообраќаен прекршок возачот го казни со 40 евра. Во возилото се наоѓал претседателот на Одборот за дијаспора и Срби во регионот Миодраг Линта. Возилото на српската Влада било  запрено од хрватската полиција, а на возачот му било кажано дека биле следени уште од границата и дека …

Хрватска: 40 евра казна за сообраќаен прекршок на возило на српската Влада Read More »

Деспотовски: Се уште нема одлука за грантовите за фирмите поврзани со функционери


Комитетот за одобрување инвестиции се уште не одлучувал по четирите апликации на фирмите во чија сопственичка структура има и владини функционери. Тоа ќе го стори веднаш по усвојување на протоколот за проценка на ризик што веќе се изготвува, а деновиве треба да биде и презентиран, соопшти денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Депостовски. Како …

Деспотовски: Се уште нема одлука за грантовите за фирмите поврзани со функционери Read More »

Стејт департмент: Го поздравуваме резултатот од референдумот во Македонија


Поддршка за Договорот од Преспа и негова комплетна имплементација изразил функционер од Стејт департментот во изјава за грчкиот информативен портал Реал.гр. На прашањето на дописникот на порталот од Вашингтон, која е позицијата на американската администрација во однос на планот Б на Панос Каменос, што наводно бил презентиран на неговата средба во Вес Мичел, функционерот го …

Стејт департмент: Го поздравуваме резултатот од референдумот во Македонија Read More »

Над 700 хуманитарци и донатори на Европски самит на Лајонс во Скопје


Македонија, од 25 до 27 октомври, ќе биде домаќин на над 700 хуманитарци, донатори, поддржувачи на хумани акции, членови на Лајонс – клубовите од Европа. Домаќин и организатор на големиот настан е Лајонс Дистрикт 132 Македонија. Европскиот форум на лајонсите годинава ќе се одржи во Скопје, во објектот на Македонската филхармонија. Мотото на 64. Европа …

Над 700 хуманитарци и донатори на Европски самит на Лајонс во Скопје Read More »

Анри го презема Монако


Французинот Тиери Анри в понеделник ќе го преземе Монако, пишува „Скај Спортс“. Легендата на Арсенал и францускиот фудбал би требало да е човекот кој ќе го замени Леонардо Жардим, кој беше отпуштен претходно оваа недела. Монако и Анри се во напредни разговори и двете страни се надеваат дека ќе го финализираат договорот до крајот на …

Анри го презема Монако Read More »

БЕГ: Од понеделник почнува грејната сезона


Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од 15 октомври (понеделник) ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сѐ до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака, соопштија од компанија БЕГ. Во овој период, како што се посочува, испораката на топлинска енергија се врши по строго …

БЕГ: Од понеделник почнува грејната сезона Read More »

Зголемен бројот на туристи за 15 отсто


За 15 отсто е зголемен бројот на туристи во периодот јануари – август 2018 во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемен е и  бројот на ноќевањата, за 16,1 процент. – Бројот на домашните туристи е зголемување за 14,5, а кај странските за 15,3 отсто, додека бројот на ноќевањата кај домашните туристи пораснал …

Зголемен бројот на туристи за 15 отсто Read More »

Мисовски: Не сакам да верувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за уставни измени


Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски денеска ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седица во понеделник да ги поддржат уставните измени и заеднички да ја обезбедат европската иднина на граѓаните. – Убеден сум и не сакам да верувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за уставни измени во понеделник, рече Мисовски, повикувајќи ги колегите …

Мисовски: Не сакам да верувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за уставни измени Read More »

Тевдовски: Преку инвестирање во подобри јавни услуги до одржлив развој


Македонија е прва земја во регионот што ќе воведе гарантиран минимален приход. Одржлив раст може да се постигне само преку вложување во подобар живот за граѓаните, односно преку подобар систем на социјална заштита, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во обраќањето на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Индонезија. Тевдовски, како што соопшти …

Тевдовски: Преку инвестирање во подобри јавни услуги до одржлив развој Read More »