Бјорнстад: Тешка е промената на името, но тежок е и патот кон ЕУ и НАТО


Тешко е да се прифати промена на името, тоа е прашање со голема емоционална тежина, но тешко е и да се биде на алтернативен пат за членство во ЕУ и во НАТО, додека Грција како членка го условува влезот на Македонија. Ова го кажа амбасадорот на Норвешка, Арне Санес Бјорнстад, во интервју за МИА, во …

Бјорнстад: Тешка е промената на името, но тежок е и патот кон ЕУ и НАТО Read More »

Нивите ни се расцепкани, производите неконкурентни


Македонските земјоделци се сопственици во просек на 1,6 хектар обработливо земјиште, кое е најчесто расцепкано на пет или повеќе ниви, раздалечени и до пет километри. Тие се соочуваат со несоодветна инфраструктура, патишта кои им минуваат врз земјата, застарен систем за наводнување и други проблеми кои им го намалуваат производниот капацитет, а нивните производи ги прават …

Нивите ни се расцепкани, производите неконкурентни Read More »

Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“


Мексиканските власти соопштија дека ќе им дозволат влез во земјата на жените и децата, кои се меѓу мигрантите во најголемиот дел по потекло од Хондурас, кои чекаат да влезат во Мексико на премин на мексиканско-гватемалската граница. Овие лица се дел од т.н. „мигрантски карван“, односно илјадниците мигранти од Средна Америка кои се упатија кон Мексико, …

Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“ Read More »

На кејот на Вардар трка за поддршка на заболените од Вилсон


На кејот на Вардар кај мостот кај Луна паркот денеска ќе се одржи хуманитарна штафетна трка „Подај рака 2018“ за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон. Собраните средства од котизацијата, оваа година ќе бидат искористени за запознавање на матичните лекари со можните симптоми и начините за рано откривање на болеста, што ќе се спроведе …

На кејот на Вардар трка за поддршка на заболените од Вилсон Read More »

Единаесетмина повредени при обид за бегство на мигранти од камп во Шпанија


Десетмина шпански полицајци и еден Алжирец се повредени, при судири до кои дошло кога поголема група мигранти се обиделе да побегнат од мигрантски камп во реонот на Мадрид. Како што соопшти шпанската полиција, инцидентот се случил кога група од околу 80 мигранти по потекло од Алжир, се обиделе да побегнат од кампот каде биле сместени …

Единаесетмина повредени при обид за бегство на мигранти од камп во Шпанија Read More »

Ќе се формира собраниско тело за помирување


Во Собранието на Република Македонија се очекува од утре да почне постапка за формирање тело за помирување, едно од четирите барања што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени го доставија до Парламентот. Од петокот пред полноќ течат и петнаесетте дена, колку што има Владата рок да достави нацрт-амандмани на Уставот до Собранието. Костадин …

Ќе се формира собраниско тело за помирување Read More »

Изгласаната одлука во македонскиот парламент ја поздравија Бушати, Ручи и Баша


Министерот за Европа и за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати го поздрави изгласувањето на одлуката на македонскиот Парламент за пристапување кон измени на Уставот, со изреката на Нелсон Мандела: „Се чини неможно се додека не се постигне“. Според Бушати, гласањето претставува голем чекор кон спроведување на Договорот од Преспа. – Мандела вели „Се чини …

Изгласаната одлука во македонскиот парламент ја поздравија Бушати, Ручи и Баша Read More »

Стејт департмент ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент


САД ја поздравија одлуката на македонскиот Парламент да започне уставни измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.  Според портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт „САД веруваат дека Договорот од Преспа е една историска шанса за зајакнување на стабилноста, безбедноста и благосостојбата на целиот регион“

Реакции по признанието на Ријад за убиството на Кашоги


Признанието на официјален Ријад дека новинарот Џамал Кашоги бил „убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул“, предизвика реакции од страна на повеќе западни земји и организации. Велика Британија најави дека ќе размисли за „следните чекори“, по првото официјално признание од страна на Саудиска Арабија дека Кашоги повеќе не …

Реакции по признанието на Ријад за убиството на Кашоги Read More »

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа


Ставот дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа, ниту во овој ниту во следниот парламент, уште еднаш го повтори претседателот на партијата, Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата турнеја на грчкиот остров Кефалониа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на најголемата грчка опозициска партија истакна …

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа Read More »

Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР


Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека повеќе не постои „нелогична употреба на специјалните фондови” во Министерството за надворешни работи иа Грција и дека веќе нема случаи пари „да се изнасуваат лево и десно во црни вреќи”, како што обвини во 2011 година. – Сакам уште еднаш да повторам дека нема никому да дозволам да …

Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР Read More »

Реал продолжува да тоне


Реал Мадрид на Хулен Лоптеги продолжува да тоне во Ла Лига, откако „Кралевите“ изгубија со 1:2 од Леванте среде „Сантијаго Бернабеу“, со што немаат победа веќе четири последователни натпревари. Мала утеха за тимот е што ја прекина рекордната серија без гол од 481 минута. Инаку гостите ги шокираа фановите на „Бернабеу“ со два гола до …

Реал продолжува да тоне Read More »

Женска вечер на Скопски џез фестивал


Данската саксофонистка Мете Расмусен, уникатниот многуброен женски вокален состав „Трондхејм војсис“ (Trondheim Voices) и специјалното трио на португалската трубачка ѕвезда Сузана Сантош Силва, настапуваат вечер на Скопскиот џез-фестивал (СЏФ). Полноќниот термин е резервиран за возбудливото и динамично џез-трио „Мопо“ (Mopo) од Финска. СЏФ ги најави вечерашните концерти како ексклузивни. „Глава полна со идеи“, вака се …

Женска вечер на Скопски џез фестивал Read More »

Ахмети: Патот кон ЕУ и НАТО е еднонасочен


Лидерот на Демократската унија за интеграција-ДУИ Али Ахмети се заблаодари за поддршката за пристапување кон уставните измени во, како што вели, овие одлучни времиња. – Изразувам исклучителна благодарност и за 80-те пратеници кои гласаа „за“, додека тие што сакаа да гласаат за, но не ја најдоа потребната храброст да одлучат исправно синоќа, ги повикувам да …

Ахмети: Патот кон ЕУ и НАТО е еднонасочен Read More »

Катиљ-ферман за Груевски среде уставната драма


Додека вчера попладне фокусот на политичката јавност беше насочен кон Собранието, ретко кој го забележа отсуството во парламентарната зграда на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во изминатите денови беше речиси постојано присутен на расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени, иако не се јави за дискусија. Ниту непотврдената информација дека Груевски најавил дека нема …

Катиљ-ферман за Груевски среде уставната драма Read More »

Позитивни реакции од меѓународната заедница и од Грција


Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев откако македонското Собрание вечерва со 80 гласови „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа. – Честитки до мојот пријател Зоран Заев. Вечерашното гласање е голем чекор кон заедничкиот успех, мошне важен чекор за мирна …

Позитивни реакции од меѓународната заедница и од Грција Read More »

Заев им ја гарантира сигурноста на пратениците кои гласаа „за“во Собрание


Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, рече премиерот Зоран Заев по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци. Заев посебно им честиташе на сите пратеници кои гласаа „за“, на како што рече „храбрите пратеници …

Заев им ја гарантира сигурноста на пратениците кои гласаа „за“во Собрание Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партијата пратениците кои гласаа „за“


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (ИК) на вечерашната вонредна седница донесе одлука да ги исклучи од партијата седумте пратенци кои гласаа за измена на Уставот на Република Македонија заради имплементација на Договорот од Преспа, информира вечерва лидерот на партијата Христијан Мицкоски. -Оние седум пратенци од ВМРО-ДПМНЕ кои постапија спротивно на партискиот став и волјата на граѓаните, …

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партијата пратениците кои гласаа „за“ Read More »

Пратениците со 80 гласа „за“ го усвоија предлогот за пристапување кон уставни измени


По целодневна неизвесност, пратениците со 80 гласа „за“  и 39 „против“ го изгласаа владиниот предлог за пристапување кон уставни измени. Пратениците првично гласаа електронски и при гласањето, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „против“ станаа и во собраниските клупи останаа само пратениците кои гласаа „за“ да се поддржи предлогот за отворање на Уставот. Меѓу пратениците од …

Пратениците со 80 гласа „за“ го усвоија предлогот за пристапување кон уставни измени Read More »

Јанушев: Се поткупуваат пратеници


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев обвини пред малку дека се прават обид за поткупување опозициски пратеници за да гласаат за уставните измени. Тој го обвини Заев дека врши насилство врз македонскиот народ и порача дека тоа ќе му се врати како бумеранг. Јанушев го повика ОЈО да преземе мерки затоа што, според него, се …

Јанушев: Се поткупуваат пратеници Read More »