Пушењето и дебелеењето се проблем во Македонија


Македонија е на врвот во групата земји во кои преваленцијата на дебелина е над 30 отсто. Шампион е Кипар, па Грција, Шпанија и Италија. Загрижува и податокот што едно од три деца што одат на училиште имаат вишок килограми, при што повеќе има дебели момчиња – и тоа 17 отсто, а девојчиња 13 отсто. Нездравата …

Пушењето и дебелеењето се проблем во Македонија Read More »

Во македонските банки има 5,6 милијарди евра заштеди


Банкарскиот сектор е стабилен, а граѓаните и компаниите повеќе штедат. Банките имаат 5,6 милијарди евра депозити, а само годинава вкупните заштеди пораснаа за 11 проценти. Од нив, околу 4 милијарди евра се заштеди на граѓаните. „Депозитната маса е важна за стабилноста на финансискиот систем. Депозитите влијаат на придвижување на економијата. Зголемената ликвидност на банките придонесува …

Во македонските банки има 5,6 милијарди евра заштеди Read More »

Жените се „разведоа“ од Мицкоски


Разрешувања, исклучувања, писма со жестоки обвинувања и директни навреди. „Славата“ на вмровските „витези“ од нивната неколкунеделна „битка до истребување“ вчера им ја украдоа пратеничките Даниела Рангелова, Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска, кои самоиницијативно му кажаа „адио“ на лидерот Христијан Мицкоски, обезглавувајќи ја Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со која досега раководеа. Најпрвин Рангелова објави дека …

Жените се „разведоа“ од Мицкоски Read More »

Ќе никне ли марихуана во Петровец?


Во Општина Петровец наголемо се работи на раскопување на земјиштето на кое, како што се жалат жителите, ќе се засадува канабис. Градоначалникот на Петровец, Борче Митевски, потврдува дека знае за парцелата на која ќе се сади марихуана, а министерствата за земјоделство и здравство негираат дека му дале дозвола  на приватниот сопственик  да ја сади во …

Ќе никне ли марихуана во Петровец? Read More »

Кој го пријави Иванов?


Сè уште невратен од Турција, каде што беше меѓу ВИП-гостите на отворањето на најголемиот аеродром во светот, македонскиот претседател Ѓорге Иванов се соочи со можен кривичен прогон во земјава бидејќи оневозможи стапување во сила на законите за јазици и за ратификација на договорот од Преспа. Иако поминаа неколку месеци од првото „апсолутно вето“ на Иванов, …

Кој го пријави Иванов? Read More »

Владата предлага да се укине плаќањето по учинок за лекарите


Владата на денешната седница на предлог на Министерството за здравство донесе одлука до Собранието да биде доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, со кој ќе се укине плаќањето по учинок на здравствените работници. -Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, во кој, меѓу другото, се укинува принципот …

Владата предлага да се укине плаќањето по учинок за лекарите Read More »

Иднината се планира со штедење


Штедењето не е природна појава, туку економска категорија директно врзана за човекот и за неговото однесување во секојдневниот живот. Тоа не е творба на современиот живот. Неговите никулци се наоѓаат уште во првобитната заедница. Најпримитивните облици на штедење се јавуваат на одреден степен од развитокот на човечката свест и се карактеризираат исклучително со мотивот за …

Иднината се планира со штедење Read More »

Мечка ги вознемирува жителите во Колари, Кичевско


Жителите од селото Колари, Кичевско мака мачат, последните деновиве со една голема мечка која се доближи до куќите и му се заканува особено на добитокот од оваа село. Според тоа што јавија жители на оваа село, мечката барала храна во околината на селото и многу е агресивна. Луѓето се попречени да ги користат пасиштата во …

Мечка ги вознемирува жителите во Колари, Кичевско Read More »

Убиството на етнички Грк во Албанија предизвика заладување на односите Атина-Тирана


Убиството на етничкиот Грк, Константинос Кацифас на албанско-грчката граница од страна на припадниците на албанската специјална единица „Ренеа“, предизвика заладување на односите меѓу Атина и Тирана. Албанската амбасадорка во Атина, Адријана Хобдари, која вчера попладне била повикана во грчкото Министерството за надворешни работи, за албанските медиуми изјави дека на средбата и бил соопштен ставот на …

Убиството на етнички Грк во Албанија предизвика заладување на односите Атина-Тирана Read More »

Се бара решение за регистрацијата на пензионерите во УЈП за годишната даночна пријава


Во Управата за јавни приходи се бара решение за пензионерите во однос на системот за регистрација за годишните даночни пријави. Министерот за финансии Драган Тевдовски поддржува решние тие да не се пријавуваат туку по административен пат да се добиваат податоците. – Наша интенција, а пред се тоа е работа на УЈП, каде веќе работат на …

Се бара решение за регистрацијата на пензионерите во УЈП за годишната даночна пријава Read More »

Еден век од формирањето на Чехословачка: Изложба на дела во Музејот на современа уметност


Во просториите на Музејот на современа уметност денеска во 18 часот ќе биде поставена изложба на тема „Подарени дела од Чехословачка, 100 години од формирањето на Чехословачка“. Во колекцијата се наоѓаат 265 дела од 92 автори од Чехословачка. Изложбата ќе ја отворат амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш, амбасадорот на Република Чешка Н.Е. Мирослав …

Еден век од формирањето на Чехословачка: Изложба на дела во Музејот на современа уметност Read More »

В четврток во Скопје слетува „Ејџиан ерлајнс“ од Атина


Од Скопскиот аеродром повторно почнува да лета грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, по повеќегодишна пауза. На први ноември, в четврток, на меѓународниот аеродром „Скопје“ е најавено слетување на авион на „Ејџиан“ во 18:55 часот, кој од Атина треба да полета во 18,40 часот. „ТАВ Македонија“, концесионерот на македонските аеродроми, информираше дека новата авиолинија меѓу Скопје и …

В четврток во Скопје слетува „Ејџиан ерлајнс“ од Атина Read More »

Од власта навестија пропаст на законот за амнестија


Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вчера го поднесе по скратена постапка до Собранието долгонајавуваниот и ваден одвреме-навреме по потреба предлог-закон за амнестија на лицата инволвирани во собраниските настани на 27 април. Тој влегува во собраниска процедура откако неодамна обвинетите за хаосот во законодавниот дом, во проглас до јавноста, го обвинија лидерот на партијата Христијан Мицкоски дека …

Од власта навестија пропаст на законот за амнестија Read More »

Тевдовски го брани ребалансот, опозицијата му бара оставка


Министерот за финансии Драган Тевдовски уште на стартот на расправата за ребалансот на Буџетот се соочи со фронтален напад на опозицијата, која обвинувајќи го за лошите перформанси на македонската економија, му побара оставка. Прв почна пратеникот Драган Цуклев, укажувајќи дека ниту Владата ќе ги оствари планираните приходи ниту планираните стапки на економски раст, иако намалени …

Тевдовски го брани ребалансот, опозицијата му бара оставка Read More »

Приведен Јанко Бачев за закани на Фејсбук


Претседателот на партијата „Единствена Македонија“ , Јанко Бачев попладнево е приведен во полициска станица. Извори од Министерството за внатрешни работи велат дека Бачев бил повикан на разговор во полиција поради закани на социјалните мрежи. На официјалната страница на партија „Единствена Македонија“ пишува дека Бачев бил приведен додека одел во партискиот штаб пред одржување на редовниот …

Приведен Јанко Бачев за закани на Фејсбук Read More »

Царовска: Ќе се дефинира еднородителското семејство во Македонија


Дефинирање на еднородителското семејство се очекува следната година. Во 2019 ќе се отвори Законот за семејство со цел да се интервенира во него и да се даде јасна дефиниција за тоа што претставува овој семеен конструкт. Сепак, дефиницијата ќе биде дел од еден посложен процес на дефинирање на сите видови други семејства, кои постојат во …

Царовска: Ќе се дефинира еднородителското семејство во Македонија Read More »

Груевски бара да не оди во затвор оти пишува книга


Поранешниот премиер Никола Груевски пишува книга врз основа на докторската дисертација „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“. Ова од адвокатскиот тим го навеле како причина плус за одложување на двегодишната затворска казна на којашто правосилно е осуден експремиерот за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“, дознава „Независен …

Груевски бара да не оди во затвор оти пишува книга Read More »

Ракометот со загубен компас


Сашко Ѓ. Димовски Да се загуби од Грција во ракомет е еквивалентно на фудбалски пораз од Андора, на кошаркарски од Велс, на одбојкарски од Шкотска. Она што се случи викендов во Кожани претставува првокласно чудо. Го сервираше македонската машка репрезентација во квалификациски меч за Европското првенство во 2020 година. Ноншалантниот пристап, иритирачкиот однос и разочарувачката …

Ракометот со загубен компас Read More »

Рангелова останува во ВМРО-ДПМНЕ и не гласа за амандманите


Пратеничката Даниела Рангелова, која поднесе предмалку оставка од партиските функции во ВМРО-ДПМНЕ, не планира да ја напушти пратеничката група на коалицијата „За подобра Македонија“. Рангелова ни изјави дека останува во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и дека не планира да премине во новата пратеничка група на независни пратеници, која брои моментно осум члена, кои на 19 октомври гласаше за …

Рангелова останува во ВМРО-ДПМНЕ и не гласа за амандманите Read More »

Индустриското производство во септември зголемено за 4,5 проценти


Индустриското производство во септември е зголемено за 4,5 проценти во споредба со истиот месец лани, а зголемување од пет проценти има и за периодот јануари – септември. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, раст е забележан во секторите Рударство и вадење на камен за  4,7 проценти, Преработувачка индустрија за 3,6 проценти и …

Индустриското производство во септември зголемено за 4,5 проценти Read More »