МНР постапува за верифицирање на информацијата дека Груевски е во Унгарија


Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно своите надлежности и во координација со надлежните институции во земјава постапува со цел да се верифицира информацијата во врска со објавата на Фејсбук профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој објави дека се наоѓа во Будимпешта и дека таму ќе бара политички азил. – Во врска со наводната …

МНР постапува за верифицирање на информацијата дека Груевски е во Унгарија Read More »

Судот чека потврда дека Груевски избегал, па ќе распише меѓународна потерница


Судот ќе чека надлежните органи да утврдат дека екс премиерот Никола Груевски навистина избегал во Будимпешта па потоа ќе издадр наредба за распишување на меѓународна потерница. „Во однос на евентуално распишување меѓународна потерница, во оној момент кога надлежните органи ќе утврдат дека обвинетиот не се наоѓа во земјата, или ја потврдат автентичноста на информацијата дека …

Судот чека потврда дека Груевски избегал, па ќе распише меѓународна потерница Read More »

Џафери: Ќе се преиспита статусот на Груевски во парламентот


Вонредна координација со потпретседателите на парламентот и со координаторите на пратеничките групи за разгледување на статусот на Никола Груевски како пратеник најавува спикерот Талат Џафери, откако поранешниот премиер објави дека пребегал во Унгарија. -Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го пријавуваше досега Груевски како отсутен од седниците, што се смета како оправдано отсуство. Таков допис добив и …

Џафери: Ќе се преиспита статусот на Груевски во парламентот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Не знаеме дали Груевски е во Унгарија


Немаме никаков контакт со Никола Груевски, не знаеме каде, вака одговори Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. На новинарските прашања дали го виделе Фејсбук статусот на Груевски и дали знаат нешто во врска со тоа, Арсовски рече дека немаат никакви информации. Тој додаде дека не знае дали навистина Груевски добивал закани по својто живот, …

ВМРО-ДПМНЕ: Не знаеме дали Груевски е во Унгарија Read More »

Груевски се јави од Унгарија, бара политички азил


Никола Груевски преку неговиот официјален профил на Фејсбук напиша дека се наоѓа во Унгарија и дека побарал политички азил од тамошните власти. „Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да …

Груевски се јави од Унгарија, бара политички азил Read More »

Пожар во Загреб, опожарени девет возила


Рано изутринава во Загреб, под се уште неразјаснети околности, дојде до пожар во автомобил. Огнената стихија набрзо се проширила на вкупно девет возила, од кои три се целосно уништени. Пожарникарите, со две возила, го изгаснале огнот за само седум минути, но голема материјална штета веќе е направена. Во инцидентот никој не е повреден. Точната причина …

Пожар во Загреб, опожарени девет возила Read More »

СОНК: Зголемување на платите од пет отсто од 1 јануари, а не од септември 2019


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК се залага зголемувањето на платите од пет осто во овие дејности да биде од први јануари, а не од септември 2019 година. Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков. Појасни дека немаат точни информации дали под поимот образование се …

СОНК: Зголемување на платите од пет отсто од 1 јануари, а не од септември 2019 Read More »

Месноста Веле Поле најпогодна за новиот Клинички центар?


Најповолна локација за изградба на новиот Клинички центар е месноста Веле Поле во Општина Ѓорче Петров – покажале прелиминарните резултати на работната група во која се вклучени и архитекти кои изминатиов период анализирале повеќе локации, меѓу кои и во Петровец. „Неделава ќе се финализира локацијата за изградба на новиот Клинички центар. Големи се шансите да …

Месноста Веле Поле најпогодна за новиот Клинички центар? Read More »

Вељаноски за „27 април“: Бидете на штрек, не дозволувајте да седнат на моето место


Со изведување смс и вибер пораки меѓу обвинетите на „крвавиот четврток“ денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата година. Прво е вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот собраниски спикер Трајко Вељановски, кое се однесува на смс и вибер комуникацијата во периодот февруари – …

Вељаноски за „27 април“: Бидете на штрек, не дозволувајте да седнат на моето место Read More »

„Титаник 2“ одложен за 3 декември, ќе се презентираат материјални докази


За 3 декември се одложи денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ на СЈО, на кое требаше да се презентираат материјални докази. Претседателот на судечкиот совет, Огнен Ставрев, даде рок од три дена одбраната да се изјасни дали некој обвинетите ќе ги предложи за сведоци. На почетокот на рочиштето Ставрев ги извести присутните дека ги прифатил …

„Титаник 2“ одложен за 3 декември, ќе се презентираат материјални докази Read More »

Спасовски: Одговорни се оние кои го пуштија Груевски слободно да шета


Поранешниот премиер Никола Груевски, за кого е издадена национална потерница за отслужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“, вчера бил баран во неговиот дом, а потрагата ќе продолжи на уште неколку локации. Се спроведуваат и други мерки, како прегледи на возила, а зајакнато е полициското присуство на излезот од Скопје и на граничните премини. Ова …

Спасовски: Одговорни се оние кои го пуштија Груевски слободно да шета Read More »

Ердоган: Трпеливо чекаме објаснување од саудискиот принц


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека трпеливо чека објаснување од саудискиот принц Мохамед Бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги. Ердоган рече дека снимката од убиството која Турција го сподели со други држави е толку ужасна што еден саудиски разузнавач кој ја преслушал снимката смета дека убиецот бил под дејство на хероин. …

Ердоган: Трпеливо чекаме објаснување од саудискиот принц Read More »

Грчките медиуми од синоќа јавуваат за потерницата по Груевски


„ПЈРМ: Се бара Н. Груевски – потерница за поранешниот премиер“; „Потерница за Груевски во ПЈРМ“; „Исчезнат“ поранешниот премиер на Скопје“; „Никола Груевски недостапен за органите на прогонот“; „Потерница по Никола Груевски“, се дел од насловите во електронските изданија на грчките медиуими за издадената национална потерница за пораншениот македонски премиер Никола Груевски, јави дописничката на МИА …

Грчките медиуми од синоќа јавуваат за потерницата по Груевски Read More »

Јанушев: Ако има налог полицијата слободно нека влезе во штабот, Груевски не се крие тука


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вечерва обвини дека седиштето на партијата е под опсада а нејзините членови биле легитимирани од полицијата. „Никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели“, рече Јанушев додавајќи дека вечерашните полициски акции не се во …

Јанушев: Ако има налог полицијата слободно нека влезе во штабот, Груевски не се крие тука Read More »

Работнички подобар од МЗТ во „вечното дерби“


Екипата на Работнички го совлада МЗТ Скопје со 88-90 (44-48) во дуел од Првата кошаркарска лига, одигран во СЦ „Јане Сандански“. Во 144. дуел меѓу големите ривали, пред над 4 .000 гледачи, двата тима покажаа ефикасна игра, а освен во почетокот на дуелот, натпреварот се играше кош за кош и двата тима се менуваа во …

Работнички подобар од МЗТ во „вечното дерби“ Read More »

Полицијата го бара Груевски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Полицијата ги претресува возилата кои излегуваат од паркингот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот, пренесува Радио Слободна Европа. Ова е уште еден обид на полицијата да го најде поранешниот премиер Никола Груевски откако претходно вечерва полицајците двапати влегоа во зградата во која живее, но не успеаја да го пронајдат во неговиот стан. Во …

Полицијата го бара Груевски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега


Премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТВ, на која се дебатира за буцетот, беше прашан во врска со потерницата распишана по екс премиерот, Никола Груевски, за сто тој рече дека не верува дека тој би си дозволил да избега. „Не верувам дека господинот Груевски би си го дозволил тоа, барем според она што тој до сега …

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Се води хајка против Груевски


„Однародената и криминална власт вечерва го допре дното и потврди дека Република Македонија нема институции туку само инструменти на криминалниот картел кои се злоупотребуваат за политички пресметки“, обвини ВМРО-ДПМНЕ. „Единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на пратеникот и почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски …

ВМРО-ДПМНЕ: Се води хајка против Груевски Read More »

Потерницата по Груевски објавена на сајтот на МВР


Откако поранешниот премиер Никола Груевски не се јави на издржување на затворската казна во затворот во Шутка, а судот побара од МВР да распише потерница, полицијата веднаш го стори тоа, а потерницата веќе е објавена и на сајтот на МВР во делот „Потраги“. Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје …

Потерницата по Груевски објавена на сајтот на МВР Read More »

Полицијата тргна по Груевски


Скопскиот кривичен суд издаде наредба за приведување на поранешниот премиер Никола Груевски, кој од петокот не се јави на издржување на двегодишната затворска казна во затворот во Шутка. Судот бара и да се распише потерница по Груевски, а МВР, како што се наведува, веќе постапува по наредбата. -Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде …

Полицијата тргна по Груевски Read More »