Груевски се јави од Унгарија, бара политички азил


Никола Груевски преку неговиот официјален профил на Фејсбук напиша дека се наоѓа во Унгарија и дека побарал политички азил од тамошните власти.

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, напиша тој.