Полицијата тргна по Груевски


Скопскиот кривичен суд издаде наредба за приведување на поранешниот премиер Никола Груевски, кој од петокот не се јави на издржување на двегодишната затворска казна во затворот во Шутка. Судот бара и да се распише потерница по Груевски, а МВР, како што се наведува, веќе постапува по наредбата.
-Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи, веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата, информираа од Судот. Оттаму посочуваат дека потерницата што бараат да биде распишана за Груевски не е меѓународна.
Од МВР потвдуваат дека постапуваат по наредбата на судот.