Предвремени избори во Северна Македонија не се поради датумот, вели Цакај


Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај оцени дека „предвремените избори во Македонија не се поради неуспехот да се отворат преговори со ЕУ“. Тој нагласи дека „во соседната земја од поодамна се дискутира за предвремени парламентарни избори“, додавајќи дека предлогот на премиерот Зоран Заев „не е поврзан со одлуката на Советот на Европа“. …

Предвремени избори во Северна Македонија не се поради датумот, вели Цакај Read More »

Ниту еден полицаец не е осуден за шверцот со мигранти


Потресните слики од судирите меѓу илјадниците мигранти кои се бореа со полицијата за да ја пробијат граничната бариера на југот од земјава ни останаа во сеќавањата по затворањето на балканската рута за бегалците, кои ги оставија домовите за да избегаат од воените татнежи на Блискиот и Средниот Исток. Сега бегалците пак ја минуваат земјава, но …

Ниту еден полицаец не е осуден за шверцот со мигранти Read More »

Избори во март?


Коалициските партнери СДСМ и ДУИ се уште немаат план како ќе тече организацијата на предвремените избори и кога ќе се имплементира правилото за Пржинска влада на 100 пред нивното одржување. Ниту пак имаат прецизен датум за нивно одржување зад кој би застанале на утрешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски. За него дополнително треба да …

Избори во март? Read More »

Заев: Четири месеци барав средба со Макрон, за жал безуспешно


„Барав средба со претседателот Емануле Макрон и преку францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние четири месеци – но безуспешно. Секогаш посакувам средба со претседателот на Франција, голема земја и голем пријател на Северна Македонија, верувам дека во иднина ќе имаме можност да разговараме“, вели премиерот Заев. Тој се надева дека одлуката на Франција може да …

Заев: Четири месеци барав средба со Макрон, за жал безуспешно Read More »

Заев: Брзи избори, граѓаните да донесат одлука


Премиерот Зоран Заев по дебаклот во Брисел и недобивањето датум за почеток на изборите побара брзи предвремени избори на кои граѓаните ќе го кажат својот став. Дали се, како што рече, за продолжување по вистинскиот пат на европските вредности или кон мрачниот пат на поделби, конфликти и изолација. Тоа барање премиерот ќе го изложи на …

Заев: Брзи избори, граѓаните да донесат одлука Read More »

Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции


Во рамки на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, оствари низа важни состаноци со високи претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и организации. Како што соопшти Народната банка на дел од одржаните состаноци, …

Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции Read More »

Соломон Паси: Макрон го турка Балканот кон Русија, Турција и Иран


Одлагањето на почетокот на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, не е во интерес на Бугарија, оцени поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси, потенцирајќи дека стартот на преговарачкиот процес со двете земји „се одложува по трет пат“. – По ветото на францускиот претседател Емануел Макрон, неговиот руски колега Владимир …

Соломон Паси: Макрон го турка Балканот кон Русија, Турција и Иран Read More »

Светска банка со 120 млн. долари ќе поддржи пет проекти во земјава


Светската банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти во Северна Македонија, со кои ќе се подобри локалната инфраструктура, ќе се модернизира пензискиот сектор и земјоделството, ќе се подобри енергетската ефикасност на јавните институции и ќе се обезбеди пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги, соопшти Министерството за финансии. Во соопштението …

Светска банка со 120 млн. долари ќе поддржи пет проекти во земјава Read More »

Што ќе и соопшти Заев на македонската јавност?


Премиерот Зоран Заев денеска точно напладне на прес-конференција во Владата ќе им се обрати на граѓаните по негативната одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите со ЕУ. Обраќањето на Заев следува по вчерашните целодневни консултации на најразлични нивоа. Политичката драма од Брисел практично се пресели во Скопје. И пред официјално да заврши самитот на …

Што ќе и соопшти Заев на македонската јавност? Read More »

ДВ:Неразумно вето на Макрон – двојна криза со кредибилитетот на ЕУ


Северна Македонија и Албанија нема да започнат преговори за пристапување затоа што францускиот претседател не го дозволува тоа. И тоа може да го остави Балканот во конфликти и на други сили, коментира Бернд Ригерт, дописник на Дојче веле од Брисел во авторскиот текст за случувањата на дводневниот Самит на ЕУ и неможноста на европските лидери …

ДВ:Неразумно вето на Макрон – двојна криза со кредибилитетот на ЕУ Read More »

САД разочарани од негативната одлука нa Европскиот совет 


САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија. Стејт департментот наведува дека двете држави спровеле силни реформи и дека САД се надеваат дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука пред самитот ЕУ-Западен Балкан следниот мај. „Соединетите Американски Држави ја поддржуваат посветеноста на Северна …

САД разочарани од негативната одлука нa Европскиот совет  Read More »

Ник Кејв на 4 јуни со концерт во Белград


Еден од најголемите музички изведувачи на денешницата Ник Кејв и неговиот бенд „Д бедс сидс“ ја најавија турнејата за 2020 година. Белградскиот концерт кој ќе се одржи во арената „Штарк“ и е единствениот потврден за регионов кој ќе се случи на 4 јуни. Во рамките на оваа турнеја Ник Кејв ќе настапи во 19 земји, …

Ник Кејв на 4 јуни со концерт во Белград Read More »

Светска премиера на „Врба“ на Манчевски утре во Рим


Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на Филмскиот фестивал во Рим, Италија, во рамките на третата фестивалска вечер. Годинава, во официјалната програма на еден од најголемите фестивали во светот селектирани се 33 филмови, меѓу кои и „Врба“. Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на фестивалот Антонио Монда го опиша филмот на …

Светска премиера на „Врба“ на Манчевски утре во Рим Read More »

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Барселона


Демонстрантите се судрија со полицијата во Барселона четврта вечер по ред за време на протестите поради пресудите за лидерите на каталонските сепаратисти кои учествуваа во организацијата на референдумот за отцепување. Сценариото од претходните ноќи се повтори, откако синоќешните мирни протести излегоа од контрола кога радикалните сепаратисти запалија барикади и столчиња на кафулиња во монденската улица …

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Барселона Read More »

Курдите го прифаќаат договорот за примирје во Сирија


Сириските демократски сили ќе го прифатат договорот за примирје со Турција и ќе направат се што е неопходно тој да биде спроведен, изјави командантот на силите предводени од Курдите, Мазлум Кобани. Кобани рече дека договорот е само почеток и оти со него нема да се постигнат целите на Турција. Тој додаде дека договорот е ограничен …

Курдите го прифаќаат договорот за примирје во Сирија Read More »

Со настап на Дејвид Торн и Фред Фрит стартуваше Скопскиот џез фестивал


Двајца култни гитаристи од САД – Дејвид Торн и Фред Фрит со неговото трио во Националната опера и балет (НОБ) го отворија вчеравечер Скопски џез фестивал, кој ќе трае до недела. Дејвид Торн е композитор, текстуралист, гитарист, импровизатор, филмски композитор и продуцент со извонредна светска репутација, познат по својот уникатен музички израз што опфаќа и …

Со настап на Дејвид Торн и Фред Фрит стартуваше Скопскиот џез фестивал Read More »

Јункер: Комплицирана ситуација ако Британците го отфрлат договорот


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предупреди дека ситуацијата ќе стане „исклучително комплицирана“ доколку Парламентот на Велика Британија утре го отфрли договорот за излез на Велика Британија од ЕУ. – Ако тоа се случи, ќе се најдеме во исклучително комплицирана ситуација, рече Јункер синоќа, на крајот од првиот ден на самитот на ЕУ. Земјите-членки …

Јункер: Комплицирана ситуација ако Британците го отфрлат договорот Read More »

Чавушоглу: Привременото запирање на операцијата не е примирје


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека „Турција ќе ја заврши операцијата на северот на Сирија, откако терористите на ЈПГ/ПКК ќе го напуштат тоа подрачје“, јави агенцијата Анадолија. – Согласни сме во врска со собирањето на тешкото оружје на ЈПГ (Единици за народна заштита н.з.), уништување на нивните позиции и тврдини, изјави Чавушоглу пред …

Чавушоглу: Привременото запирање на операцијата не е примирје Read More »

Датумот за избори „поважен“ од датумот за преговори


Неизвесноста што деновиве постојано се зголемуваше во Брисел во однос на одлуката за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ ја продлабочи и неизвесноста во Скопје за тоа во кој правец ќе се одвиваат процесите на внатрешно-политички план по завршувањето на европскиот самит. Во таква атмосфера опозицијата предвреме го испорача барањето за предвремени избори, …

Датумот за избори „поважен“ од датумот за преговори Read More »

Ширум светот уапсени 337 лица поради детска порнографија


Истражители од САД, Јужна Кореја, Германија и други држави го затворија до сега најголемата интернет страница за детска порнографија на даркнет. При операцијата спасени се 23 деца кои беа изложени на постојани злоупотреби. Исто така уапасени се 337 корисници на платформата за детска порнографија во Велика Британија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Ирска, Шпанија, Бразил и …

Ширум светот уапсени 337 лица поради детска порнографија Read More »