Астронаутката Терешкова мечтае за лет на Марс
Русија – Првата жена во светот која полета во Земјината Орбита, сака да одлета и на Марс. Руската астронаутка Валентина Терешкова е убедена дека првите летови дотаму не се многу далеку во иднината.
На 16 јуни 1963 година, Терешкова беше дел од „Восток 6“ и со тоа стана прва жена и првата невоена личност во Вселената. Нејзиниот прекар на летот беше „Галеб“ (на руски: Чајка).
Иако е среде деветтото десетлетие од својот живот, Валентина и денес сѐ уште размислува за огромните далечини, а најмногу сака да ја посети „Црвената Планета“. Таа дури и најави дека е подготвена да биде меѓу доброволците за летот до Марс, па дури и ако не се врати назад.
Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс-Икс“, Илон Маск, неодамна објави дека има намера да потроши дел од своите пари само на одењето на Марс, како и за зачувување на моќта на разумот. Иако ја одобрува таа негова замисла, Валентина сепак, не се согласува со аматерскиот вселенски туризам.