Астронаутите се вратија на Земјата по 200 дена – поосамени се овде


Тројца астронаути кои престојуваа на Меѓународната вселенска станица денеска успешно се вратија на Земјата и слетаа во Казахстан.

Како што јави Дојче веле, астронаутите се вратија дома во сред пандемија до корона вирус, а ги заменија колегите кои претходно поминаа еден месец во карантин. Во тој период немаа прилика да се видат со своите семејства и по вториот карантин со ракетата „Сојуз“ отпатуваа на МВС.

Капсулата Сојуз МС-15 се одвои од МВС во четвроток, а во неа беа астронаутите на НАСА Ендру Морган и Џесика Меир како и рускиот космонаут Олег Скрипочка.

Миер вели дека ќе ѝ биде тешко што не може да ги прегрне членовите на семејството по враќањето на Земјата.

„Мислам дека ќе се чувтсувам поосамено на Земјата отколку во вселената“, вели Миер.

НАСА најави дека по слетувањето на астронаутите ќе им бидат извршени лекарски прегледи, а потоа посадата ќе се врати во Хјустон во САД, односно во Скај Сити во Русија. Тие поминаа повеќе од 200 дена во вселената и на земјата се вратија точно 50 години откако посадата на „Аполо 13“ слета во Пацификот.

Морган на МВС беше 272 дена и успешно изведе седум вселенски прошетки. Четири излегувања од МВС ги искорсти за да го подобри и да го продолжи векот на магнетниот спектрометар Алфа кој бара докази за темната материја во вселената.

Меир и Скрипочка на МВС неа 205 дена, а Меир заедно со колешката Кристина Кох направи три вселенски прошетки во кои учествуваа само жени. Кох се врати на Земјата во февруари.

Новата посада ја сочинуваат космонаутите Анатоли Иванишин и Иван Вагнер од Роскосмос, како и американскиот астронаут Кристофер Касиди. Тие поминаа еден месец во изолација поради пандемијата од корона вирус, а пред лансирањето немаа прилика да се поздрават со семејствата освен преку видеоврска.