Астероид поголем од Емпајер Стејт Билдинг се движи кон Земјата
НАСА објави дека денеска покрај Земјата би требало да прелета астероид поголем од Емпајер Стејт Билдинг, со дијаметар меѓу 370 и 800 метри, пишува SciTech Daily.
Се очекува астероидот да ја помине Земјата на растојание од 0,02114 AU (AU е околу 3,2 милиони километри) и со брзина од 21,47 километри во секунда.
Според податоците на НАСА, овој астероид прави круг околу Сонцето на секои 3,6 години, но не поминува секој пат блиску до Земјата. Според медиумите, повеќето од астероидите во Сончевиот систем се наоѓаат во појасот меѓу Марс и Јупитер. Повремено, гравитацијата на Јупитер предизвикува некои астероиди да бидат фрлени во внатрешноста на Сончевиот систем, а понекогаш тие минуваат покрај Земјата. Астероидите на оддалеченост од 30 милиони милји од Земјата се класифицирани како „објекти блиску до Земјата“, а НАСА пронајде 31.000. НЕО кои се на оддалеченост од 7,4 милиони километри од орбитата на Земјата и се со дијаметар од повеќе од 140 метри се дефинирани како потенцијално опасни.
„Означувањето како потенцијално опасно едноставно значи дека во текот на многу векови и милениуми орбитата на астероидот би можела да еволуира во орбита што има шанса да удри на Земјата“, рече Пол Чодас, директор на Центарот за проучување на објекти блиску до Земјата, истакнувајќи дека судир би предизвикал регионална катастрофа.
Според експертите, во нашиот Сончев систем има повеќе од 1,1 милион астероиди.