Артета: Против Баер го одигравме нашиот најдобар натпревар оваа сезона
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, даде свое видување за триумфот од 2:0 над Баер Леверкузен остварен синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
– Арсенал се претстави одлично. Добро почнавме, целосно доминиравме и создадовме многу шанси пред голот на Баер. Голманот го држеше Леверкузен во игра долго време во првото полувреме. Игравме одлично и индивидуално и како тим. Ова е нашиот најдобар настап оваа сезона, истакна Артета.
За следниот противник има високо мислење и очекува два тешки натпревара.
– Натпреварите со Спортинг? Ги победивме минатата сезона, но ова ќе биде различно. Го гледав првото полувреме од нивниот натпревар со Бодо. Тие се тим од врвна класа. Нема да биде лесно, изјави Артета на официјалната веб-страница на УЕФА.
Арсенал го елиминира Баер Леверкузен со вкупни 3:1 и се пласира во четвртфиналето каде што ќе се соочи со Спортинг Лисабон.