Арктичка лисица испешачила од Норвешка до Канада


Кога норвешките научници од Норвешкиот поларен институт пред две години обележаа 50 арктички лисици со алки за следење на нивните движења на мразот, тие не очекуваа дека ќе бидат сведоци на епско патување.

Една лисица за 76 дена го премина патот од норвешкиот остров Шпицберген до островот Елешмер кој припаѓа на канадската територија Нунавут. Ова значи дека таа пешачела по околу 50 километри дневно и, со различни свртувања, поминала пат од речиси 4 илјади километри.

Со тоа, таа влезе во книгата за рекорди за нејзиниот вид, за најбрза прошетка на лисица на Арктикот. Во еден момент, научниците скептично мислеа дека лисицата се вози на дел од патот, односно дека можеби влегла во нечиј автомобил или комбе. Меѓутоа, се покажа дека не е така.
Станува збор за лисица со многу енергија и тешка неколку килограми. Нејзиното патување беше прекинувано со паузи за храна и одмор. Олеснителна околност е мразот по кој може да оди и скока брзо.

Она што дополнително ги изненади научниците беше фактот дека е женска лисица, иако обично машките лисици полесно се издвојуваат од глутницата. 

Кога пристигнала во Елешмер, се изгубила трагата. Се верува дека ја изгубила алката за следење некаде за време на нејзината авантура и отишла понатаму, или уредот едноставно престанал да работи. Арктичките лисици живеат помеѓу три и шест години.