Архитект казнет за мост кој не е адаптиран за туристи
Венеција– Службениците во Венеција го казнија шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава со 78.000 евра за дизајнирање мост преку Големиот канал кој не можел да се справи со големиот број туристи.
Одлуката ја донесе суд во Италија, кој во своето образложение наведе дека Калатрава бил невнимателен за време на процесот на изградба и дека тој дизајнирал и други мостови, како оние во Далас и Калгари, што беше истакнато како доказ дека требало да има доволно информации за изградба.
Мостот Понте дела Конституционе, долг околу 90 метри, е изграден во 2008 година и е именуван по италијанскиот Устав, кој тогаш ја славеше својата 60-годишнина.
Во тужбата на градот се тврди дека мостот со челична рамка и стаклени панели не можел да се справи со секојдневниот наплив на посетители и нивните куфери, што довело до замена на неколку стаклени скали.
Ова не е првиот проблематичен проект на Калатрава, бидејќи неговиот проект за облакодер Чикаго Спајр беше откажан во 2015 година поради, наводно, „глобалната економска криза“.
Контроверзноста околу мостот е најновата во низата што ја погоди Венеција, која се бори со последиците од прекумерниот туризам.
Италијанскиот град неодамна воведе построги туристички контроли, при што посетителите кои не престојуваат преку ноќ плаќаат такса од 10 евра, а тркалањето куфери е забрането.
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, ја поддржа кампањата „Уживајте и поддржете ја Венеција“, која ги охрабрува посетителите да го почитуваат градот за време на нивната посета.