„Ареа“ се врати на сцената со нова песна и спот како најава за шестиот студиски албум
Гостиварскиот рок-бенд „Ареа“ преку социјалните мрежи ја промовираше песната „Отсекогаш“, со која го најави шестиот студиски албум.
Музиката и аранжманот на новата песна ги направи Ивица Брчиоски, а текстот го напиша Ружица, која е автор и на повеќето песни на бендот.

Тие снимија и видео за новата песна, на неколку локации, а повеќето од нив се на Маврово, во црквата Св. Никола Летен. Во видеото се појавуваат Мариа Стојаноска и Илија Трале Левески. Режисер на спотот е Даниел Јовески.