Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13, потврдија од Судот. Детали од пресудата, како што дополнија, ќе има во текот на утрешниот ден.
– Во овој момент, Судот може да потврди дека пресудата е донесена на 27 февруари. Пресудата е преиначена во однос на првичната, а детали поврзани со причината ќе добиете во текот на утрешниот ден, велат од Апелационен суд Скопје.
Боки 13 во 2020 година беше осуден на девет години затвор за кривични дела „примање награда за противзаконито влијание и перење пари“ во случајот „Рекет“.
Во моментов, Јовановски е на отпуст за лекување.
Дел од медиумите објавија дека неговата казна од 9 години затвор е намалена на 5 со што Јовановски би одлежал затвор уште неколку месеци, а потоа би бил слободен човек.