Антонија Ристовска со нова колекција на венчаници: Во светот на „Алиса во земјата на чудата“ (галерија)


Најновата колекција венчаници од Антонија Ристовска Bride е инспирирана од главниот лик во бајката Алиса во земјата на чудата. Алиса, која е епитом на љубопитноста, фантазијата, на магичниот свет кој можеме да го спознаеме доколку си дозволиме да сонуваме. Алиса, отворена кон нови можности и идеи. Алиса, која не се фокусира на реалниот свет, туку ита кон неистраженото и имагинарното. Алиса, која ја поседува силата и одлучноста да постигне се што сака и да ја надмине секоја пречка која ќе биде исправена пред неа.

Преку колекцијата, на тој начин и ги гледамe невестите на оваа сезона. После повеќе од година во голема неизвесност, одложување, откажување на венчавките од соништата, девојките се повторно подготвени да избегаат од реалноста и да се впуштат во својата бајка,  одбележувајки го денот на својата венчавка. А моделите од колекцијата се бајковити, нежни, поинакви, креации кои ќе ве натераат да сонувате повторно.

Изработени од фина тантела, француски тул, високо квалитетен шифон и рачни изработки, секоја невеста може да се пронајде во некој од моделите, дали е тоа романтичен А крој, асиметричен модел или секси пенкало здолниште.

Како надополнување ја имаме и мини колекцијата пролет/лето 2021 со модели во свежи пролетни пастелни бои комбинирани со романтични цветни дезени. Сите креации се со лелеави кроеви, лесни за носење и наменети за настани од ден до ноќ, можеби и поинтимни настани на кои сакате да изгледате единствено.
Моден детал за секој модел е мека и нежна панделка која не потсетува никогаш да не престанеме да сонуваме, да веруваме и дека ништо не е невозможно.

И како што ја именува Луис Карол неговата поема за Алиса, Животот е само еден сон. Одсонувајте ја вашата бајка во некоја прекрасна летна ноќ со луѓето кои ви значат најмногу.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Модели: Јана Јосковска, Тамара Петковска (Моделс Ин)

Фризура: Hair House

Чевли: Nine West