Антиваксер во Италија отишол на вакцинација со лажна силиконска рака
Откако била откриена измамата антиваксерот го молел здравствениот работник да не го пријавува
Антиваксер во северниот регион Пиемонт во Италија се соочува со кривична пријава затоа што се појавил на својата вакцинација против Ковид-19 со лажна рака направена од силикон.
50-годишниот маж ја прикажал лажната рака за да здравствениот работник да му стави вакцина, кој – откако го допрел силиконот – веднаш се посомневал и побарал да ја соблече кошулата.
По завршувањето на бирократските формалности, мажот на возраст од 50 години, седнал и го подигнал ракавот од кошулата. Првично, здравствениот работник не забележал ништо чудно, бидејќи силиконот изгледал слично на кожата. Но, откако подобро погледнал и ја допрел раката, лекарот побарал од човекот да ја соблече кошулата. Планот на антиваксерот пропаднал.
„Се чувствував навредена како професионалец“, изјави Филипа Буа за „Република“. „Бојата на раката ме натера да се сомневам и затоа го замолив мажот да го открие остатокот од левата рака. Беше добро направен, но не беше во иста боја“.
Откако му била откриена измамата, човекот го молел медицинскиот работник да замижи. Наместо тоа, тој беше пријавен кај карабинерите, а здравствените власти требаше да поднесат пријава до Обвинителството.
Мажот, наводно, ги следел сите вообичаени бирократски процедури, бил интервјуиран за неговото здравје и потпишал формулар за согласност пред лекарот, пред да ја открие својата силиконска рака.
Бизарниот инцидент се случи на 2 декември во центарот за вакцинација во Биела каде што е дозволен директен пристап, без закажување, за оние кои ќе одлучат да ја добијат првата доза од вакцината против Ковид.
Мотивот на човекот бил да го добие сертификатот Green Pass – кој докажува дека носителот е вакциниран и важи девет месеци – додека Италија се подготвува да ги заостри своите ограничувања за корона вирусот против оние кои се невакцинирани.
Италијанскиот весник „Република“ пишува дека тоа можеби не е изолиран инцидент, цитирајќи порака што се појави неодамна на социјалните мрежи, а која можеби или не ја напишал 50-годишникот во Биела.
На објавата беше претставено силиконски боди, комплет со лажни раце и врат – се продава на „Амазон“ за 488 евра – со напис на италијански: „Ако одам со ова, дали ќе забележат? Можеби под силиконот дури и ќе ставам малку дополнителна облека за да не дојде иглата до мојата вистинска рака“.