Антилоп чизмите се шик сезонава- како да ги комбинирате


Доколку оваа сезона сакате да се издвоите од сите останати, тогаш задолжително набавете си чизми од антилоп!

Варијациите на бои се навистина прекрасни и почнуваат од темно црвена, разни нијанси на кафена, темно сина и секогаш елегантната црна.

Токму овој модел чизми е омилениот на девојките ширум светот, затоа што истовремено се толку уникатни, а и можат да се комбинираат со сѐ што ќе посакате.

Времето и трендовите за ова евергирин модно парче, не се фактори што влијаат на неговата популарност, затоа што неговиот минималистички и универзален дизајн, беспрекорно ја надополнува секоја комбинација и може да најде соодветно место во сечиј стил.

Антилоп чизмите- до глужд или до колена, се вистинска институција во однос на чевлите. Благодарение на нивната голема сестраност, тие се совршени и за елегантен изглед и успеваат да го додаде тој посебен шарм дури и на едноставната  основна облека.

Носете ги со фармерки, како и со шик костуми, миди или макси фустан, а крајниот резултат секогаш ќе биде подеднакво беспрекорен!

Овој нежен материјал (кој тешко се одржува) мами погледи и желба за допир, па така можете да го комбинирате со кој било неутрален материјал, но кога ќе го вклопите со чипка, тогаш изгледа навистина посебно.