АНСА: 47 жртви од земјотресот, извлечено тела на мајка и нејзините три деца
Нов земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди пошироката област на Драч во Албанија. Според последните информации има 47 жртви.
Тоа е еден од најсилните потреси во тој регион по разорниот потрес кој се случи завчера.
Според последните информации кои ги носи италијанската новинска агенција АНСА, загинати се најмалку 47 лица.
Според наводите на италијанската агенција, последни пронајдени се четири тела – мајка со нејзините три деца, кои италијанската противпожарна бригада ги извадила од рушевините на нивната трикатна куќа во Драч.
Медиумите пренесуваат дека земјотресот во Албанија е најсмртоносен во Албанија во 2019. година во целиот свет, по индонезискиот.
Наведено е и дека, иако однел најголем број жртви, според степенот на Рихтеровата скала, тој не спаѓа ни во десетте најсилни во 2019. година.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри, а забележан е на 25 километри од Драч, односно на 48 километри од главниот град Тирана. Засега нема официјални информации.
Приштинска Коха диторе јавува дека е оштетена болница од која пациентите панично излетале надвор, но лекарите, како што се наведува, останале во болницата. Полицијата пристигнала во болницата за да помогне.
Најновиот потрес се случил во Јадранското море.
Албанците веќе две ноќи не спијат мирно, а илјадници луѓе престојуваат надвор од своите домови.
Во земјотресот кој се случи во вторникот загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 650 се повредени. Од тогаш се забележани повеќе од 500 дополнителни потреси.
Голем број станбени објекти се срушени, а спасувачките екипи откопуваат и пронаоѓаат луѓе по кои се трага.
Rescue teams desperately sought survivors under rubble in Albania’s western town of Durres hoping to pull out toddler twins alive, two days after a 6.4 magnitude quake killed at least 40 people https://t.co/acOzEYp20x pic.twitter.com/qawSGweXWN
— Reuters (@Reuters) November 28, 2019