Анкета: Довербата на Французите во Макрон е на најниско ниво од протестите на „жолтите елеци“


Довербата на францускиот народ во претседателот Емануел Макрон е на најниско ниво од протестите на „жолтите елеци“, покажа анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење Толуна Харис Интерактив за телевизијата LCI.

Според резултатите од анкетата, тројцата членови на француската влада се значително пред Макрон, кој има поддршка од 32 отсто – само еден процент повеќе отколку што имаше во ноември 2018 година, кога протестите на „жолтите елеци“ беа актуелни, објави Фигаро.

Тројцата политичари на кои Французите им веруваа најмногу во декември беа министерот за внатрешни работи Бруно Ретајо и министерот за одбрана Себастиен Лекорну, кои беа поддржани од 42 отсто од испитаниците, како и новиот министер за правда Жерар Дарманин, кој ужива 41 отсто од поддршката од граѓаните.

Анкетата е спроведена на примерок од 1.104 испитаници.