Анимираниот филм „Лефти и Рајти“ доби поддршка од Хрватскиот аудиовизуелен центар
Анимираниот краток филм „Лефти и Рајти”, во режија на Илија Тодоровски, доби поддршка за малцинската копродукција од Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC).
Малцински копродуцент е „Minya Film i Animacija“, а е во продукција на „зАнимација“.
-„Лефти и Рајти” е анимиран филм за деца во кој една бела блуза и маслинести панталони со платка се главните ликови. Концептот е граден врз основа на сликовниците на Наташа Дукоска, која се потпишува како сценарист. Филмот е поддржан од Агенција за филм. Премиерата кај нас се очекува да биде до крајот на годината, се наведува во соопштението.