Ангел се симнал од небото и го спасил Трамп од куршумот, тврди конгресменка
Марџори Тејлор Грин, конгресменка на САД, во тв интервју опишува како, непосредно пред пукањето, била сведок на ангел кој слегува од небото и кој личел на американско знаме што му го спасило животот на Доналд Трамп.
Марџори Тејлор Грин, која е поддржувачка на Трамп, е американска екстремно десничарска политичарка, бизнисменка и приврзаник на теориите на заговор. Таа , како член на Републиканската партија, таа беше избрана во Конгресот во 2020 година .
Пред да се кандидира за Конгресот, Грин ги поддржа повиците за егзекуција на истакнати политичари од Демократската партија, вклучувајќи ги Хилари Клинтон и Барак Обама. Како конгресменка, таа ја изедначи Демократската партија со нацистите и ги спореди безбедносните мерки за Ковид со прогонот на Евреите за време на Холокаустот, но подоцна извини за оваа споредба. За време на руската инвазија на Украина, Грин промовираше руска пропаганда и го пофали Владимир Путин.