Анџелина Џоли го продаде својот удел во имотот во Франција од 164 милиони долари


САД– Анџелина Џоли го продаде својот удел во францускиот имот и винарската визба во вредност од 164 милиони долари што ги стекна со Бред Пит пред повеќе од една деценија.

Столи групацијата купи 50 проценти од имотот на Шато Миравал од Џоли за необјавена сума, се вели во соопштението за печатот .

Уделот на Џоли во брендот беше предмет на последниот правен спор на двојката. Минатиот месец, актерката доби дозвола да ги продаде своите акции во винаријата и имотот, каде што се омажи за Пит во 2014 година.

Бред и Анџелина, кои се разведоа по 11 години заедно, исто така се и во тековна правна битка околу старателството над нивните малолетни деца. Поранешниот пар има шест деца: Медокс, 20, Пакс, 17, Захара, 16, Шајло, 15 и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс.