Аналитичарот Благојче Атанасовски: Кампањата на Горан Герасимовски се издвојува од останатите

Аналитичарот Благојче Атанасовски, кој со години ги следи и анализира изборните кампањи во земјава, оценува дека во повеќе од триесет и пет години повеќепартиска демократија, македонските политички партии најчесто ја повторуваат истата кампањска матрица со меѓусебни обвинувања, стари ветувања и предвидлив настап.
Сепак, тој забележува и неколку позитивни исклучоци во овие локални избори, меѓу кои особено се издвојува кампањата на кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Во овие триесет и пет години повеќепартиска демократија гледаме преповторување на кампањите на политичките партии, меѓусебни обвинувања и ветувања за проекти. Ништо ново и оваа кампања, односно класичен македонски предизборен фолклор. Единствено гледам отстапување кај кандидатот на СДСМ во Општина Ѓорче Петров Костадин Ацевски, советничката листа на ЗНАМ во Струмица, како и кај кандидатот за градоначалник во Општина Центар, Горан Герасимовски,“ вели Атанасовски.
Атанасовски забележува дека мнозинството партии и кандидати остануваат во рамките на старите навики, со намалена мобилизација на терен и послаб контакт со граѓаните „очи во очи“, што, според него, укажува на замор и недостиг на нови идеи.