Ана Винтур стана баба, ќерка ѝ Би Шефер роди син
САД– Би Шефер (34) стана мајка! Ќерката на главната уредничка на американскиот Вог, и глобален уредник на 25 изданија во „Конде Наст“ Ана Винтур (72) , го роди своето прво бебе, синот Оливер Созани, со сопругот Франческо Карозини, на 25 октомври.
Шејфер го објави раѓањето на нејзиниот вчера и сподели три преслатки фотографии на Инстаграм.
Познатите пријатели, меѓу кои Кети Пери, Сара Џесика Паркер, Зак Позен, Бен Плат и други, и честитаа на новата мајка за пристигнувањето на нејзиното машко бебе во делот за коментари.
Шефер и Карозини се венчаа на интимна прослава во домот на Винтур во Мастик, Њујорк, во јули 2018 година. За „Пипл“ потврдија во јули дека Шафер е бремена.

Шефер присуствуваше на УС Опен кон крајот на август со Винтур во Националниот тениски центар Били Џин Кинг во Њујорк. Дуото мајка-ќерка присуствуваше на мечот од првото коло во машки сингл меѓу Британецот Енди Мареј и Гркот Стефанос Циципас.
За спортскиот настан, Шефер носеше труднички фустан во тегет и розова боја додека нејзината мајка Винтур носеше зелен плисиран фустан и нејзините препознатливи црни очила за сонце.

Шефер, исто така, присуствуваше на Мет Гала 2021 година на 13 септември, облечена во лелеавен зелен фустан од морска пена, со годинешната тема „Во Америка: Лексикон на модата“. Таа на Инстаграм напиша за изгледот: „Ви благодариме @pppiccioli и @maisonvalentino за најубавиот фустан, кој беше доволно голем за целото семејство“.
Винтур, која е една од најмоќните жени во светот на модата, лани се разведе по 16 години брак и 20 години врска од инвеститорот Шелби Брајан (74) , по долга криза во бракот. Винтур немаше деца со Брајан, ама од претходниот брак со Дејвид Шефер, покрај ќерката Би го има и синот Чарлс.