Ана Курникова го откри преслаткото име на бебето, а сега го знаеме и полот
Познатата тенисерка Ана Курникова и нејзиниот сопруг Енрике Иглесијас станаа родители на своето четврто дете кон крајот на минатата година, а доаѓањето на новото бебе ги воодушеви сите. Но, дури сега го знаеме името.
Убавата Русинка и познатиот музичар станаа родители по четврти пат, а сега гордата мајка Ана ја објави веста на својот Инстаграм профил што ги воодушеви сите.
„Луси+Николас+Мери+Ромео“, напиша Ана покрај фотографијата од нивните три преслатки малечки, откривајќи дека имаат уште едно момче, Ромео.
Досега, Енрике и Ана беа многу таинствени за полот на бебето, а сега открија дека уште едно момче се придружи на среќното семејство.

Ромео е роден на 17 декември 2025 година, а двојката ја објави веста за неговото доаѓање на светот со едноставна објава на Инстаграм со наслов „Моето сонце 17.12.2025“, без да го открие полот или името на детето.
Курникова (44) и Иглесијас (50) веќе се родители на осумгодишните близнаци Луси и Николас, и петгодишната ќерка Мери.
Двојката е заедно 24 години, а се запознале во 2001 година на снимањето на музичкото видео за неговиот голем хит Escape. Тие се познати по тоа што љубоморно ја чуваат приватноста на своето семејство, а извори блиски до двојката ги опишуваат како „еден од најдискретните парови во Мајами“.
Во меѓувреме, Ана суптилно ги ажурираше своите профили на социјалните мрежи, додавајќи го презимето на Иглесијас, така што сега се потпишува како Ана Курникова Иглесијас, што ги потврди долгогодишните шпекулации дека тие тајно се венчале.