Американскиот министер за здравство поднесе оставка
Американскиот министер за здравство, Алекс Азар поднесе оставка
По неодамнешните нереди и упадот на демонстрантите во Капитол, уште еден член на кабинетот на Доналд Трамп, министерот за здравство Алекс Азар поднесе оставка.
Азар рече дека неговата оставка ќе стапи на сила на 20 јануари – на истиот датум кога би ја напуштил функцијата со доаѓањето на новиот претседател Џо Бајден.
Писмото е датирано на 12 јануари, речиси една недела по нередите, јави Ен-би-си.
Азар рече дека нападот во кој настрадаа пет лица, а многумина се повреднеи, како и претседателската спора реакциј да го осуди, се закануваат да фрлат црна дамка на достигнувањата на администрацијата на Трамп во последните четири години.