Американскиот апелациски суд одобри депоратција на илјадници имигранти
Американскиот сојузен апелациски суд со два гласа „за“ и еден „против“ одлучи администрацијата на претседателот Доналд Трамп да може да депортираа стотици илјади имигранти кои претходно добија привремено заштита од хуманитарни причини.
Со судската одлука потврдено е укинувањето на мерката за заштита на имигранти од Салвадор, Хаити, Никарагва и Судан од депортација.
Администрацијата на Трамп ја укина нивната заштита со образложениое дека нивните земји сега за нив се безбедни.
Со одлуката ќе бидат погодени 300.000 луѓе без државјанство и 200.000 нивни деца кои се американски државјани.