Американците тврдат: Оваа марка ги прави најдобрите автомобили
Секогаш е интересно истражување кое ни го покажува вкусот на возачите – особено кога резултатите се толку контроверзни.
American Consumer Report направи истражување за тоа која марка на автомобили ги прави најдобрите возила, а критериумите беа повеќе од строги.
Прво, вкупната оцена за моделите се заснова на четири работи: тест на патот, доверливост, задоволство на сопственикот и безбедност.
„Тестот на патот“ го прават самите истражувачи, а „оценките за доверливост“ се засноваат на проблеми пријавени од корисниците за време на годишните истражувања на CR.
Понатаму, „задоволството на сопственикот“ се однесува на тоа дали читателите на CR во анкетите велат дека повторно би купиле возило од истата марка, и конечно „безбедноста“ ги покрива сите достапни тестови.
Кога сето ова ќе се земе предвид, резултатите се следни:
Најдобра марка според истражувањето е BMW (82 поени), второто место го делат Subaru и Porsche (80), а потоа Mini, Honda и Lexus (сите 78).
Топ 10 ја комплетираат Kia, Mazda и Toyota (по 77), а на крајот Hyundai (76 поени).
Од другата страна на табелата, на 34. место, најлоша марка е Jeep (46 поени), втор одзади е Land Rover (50), а трет одзади Jaguar (52).