Амбасадата на Македонија во Прага ќе го организира враќањето на Чифлиганец

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август до Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага, Чешка, била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор, управуван од лицето Д.Ч., државјанин на Република Северна Македонија, кој во несреќата се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница на лекување. По добиената информација, амбасадата веднаш стапила во контакт со семејството. На 3 август, од страна на фамилијата на Д.Ч., амбасадата била информирана дека тој им подлегнал на повредите.
Дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот, со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во Република Северна Македонија.