Албанија на крајот на јуни со најниска минимална плата во Европа


 Албанија има најниска минимална плата не само регионот, туку и во Европа, се наведува во најновиот извештај на Евростат (Eurostat).

Бруто месечната минимална плата во Албанија на крајот на јуни изнесувала 408 евра. Во регионот, највисока бруто месечна минимална плата има во Црна Гора, 670 евра. Следна на ред е Србија, со 618 евра, и Северна Македонија со 584 евра. Во двете федерации на Босна и Херцеговина бруто минималната месечна плата се движи од 500 до 660 евра.

Во Албанија, минималната плата нема измени од 2023 година, што укажува дека куповната моќ се намалила поради повисоките цени, особено на храната, на која се троши околу 40 проценти од приходите, посочи „евроњуз.ал“ (euronews.al).

Во Европска Унија, според Евростат, највисока минимална плата има во Луксембург, 2.700 евра, во Германија, 2.160 евра, во Бугарија, 550 евра.