Актерски ѕвезди на писта и во публика на ревијата на „Гучи“ во Лос Анџелес


САД – На „Холивуд“ булеварот во Лос Анџелес се одржа ревија на италијанскиот бренд „Гучи“, предводена од дизајнерот Алесандро Микеле. На модната писта, меѓу другите, се прошета и глумецот Меколи Калкин. Ѕвездата од „Сам дома“ носеше светло-кафени панталони и кошула и јакна со шарени детали. Комбинацијата ја комплетираше со очила и црни чевли.

Покрај Калкин, во шоуто учествуваа и неговите колеги – глумците Џоди Тарнер-Смит и Џеред Лето кој глуми со Леди Гага и Адам Драјвер во најочекуваниот филм овој месец “House of Gucci”. Во публиката беа Мајли Сајрус, Гвинет Палтроу, Лизо, Серена Вилијамс и Били Ајлиш. Прикажаната колекција се однесува на сезоната пролет – лето 2022 година и е инспирирана од „златното време“ на Холивуд.

Џоди Тарнер-Смит
Гвинет Палтроу