Ако е ваква боја – не го купувајте: Еве како да изберете месо

Ако одлучите да купите претходно пакувано месо, добро погледнете го пред да го ставите во корпата
Треба да бидете многу внимателни при изборот на месо, бидејќи не е секогаш лесно да се препознае кое е свежо и квалитетно, особено ако е мелено. Покрај информациите на амбалажата, треба да внимавате и на изгледот.
Квалитетното месо, особено она што сакате да го печете, треба да има малку интрамускулни маснотии. При купувањето изберете го оној со бели ленти кои наликуваат на вени. Иако многумина мислат дека таквото месо е нездраво, токму маснотиите му даваат многу вкус, вели Елизабет Роесике од Германскиот земјоделски центар.
Ако, пак, се одлучите да купите претходно пакувано месо, добро погледнете го пред да го ставите во корпата. Ако лежи во крвава вода, тоа е знак дека е старо.
Идеалната боја зависи од видот на месото. Телешкото треба да биде светло, но не и бело. Така треба да биде пилешкото. Бојата на говедското месо треба да биде средно црвена, но не премногу темна, а свинското месо кое има најдобар вкус на скара треба да биде бледо розево. Доколку забележите сивкасти нијанси на месото, не го купувајте, а ова правило важи и за меленото месо.
Постои уште еден трик за брзо и лесно да проверите дали пакуваното месо е сѐ уште свежо. Кога ќе го притиснете со прстот, мора да се врати во првобитната состојба и да не остане вдлабнатина на месото. Исто така, површината на месото мора да биде сјајна.