Ахмети тврди дека водат во Тетово, Билал Касами дека победил
На изборите се покажа демократска култура, а изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред и сакам да им честитам на сите учесници, кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
-Сакам да им честитам на сите членови на ДУИ за оваа победа и тоа после онаа од парламентарните избори во 2020 година, при што се зголеми и бројот на гласови на партијата од лани, рече Ахмети.
Претседателот на ДУИ нагласи дека кандидатите од оваа партија победиле во прв круг во Липково, Сарај и Пласница.
-ДУИ е во значителна предност во општина Тетово, значителна предност во општина Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени. Во Дебар се оди во втор круг, а во Гостивар се уште немаме конечни резултати. Во Чашка одиме во втор круг, во предност сме. И во Врапчиште одиме во втор круг, додаде Ахмети.
Во исто време на својот Фејсбук профил, генералниот секретар на Движењето БЕСА, актуелниот министер за земјоделство Арјанит Хоџа прогласи победа на Билал Касами за градоначалник на Тетово.Тој дури и ги повика граѓаните на прослава во 11.30 часот на плоштадот Илириа.