Слушнете го новиот сингл „Easy On Me“ на Адел (видео)


САД– Објавен е првиот сингл од новиот албум „Easy On Me“  на Адел, моќна балада со пијано придружба – за 7 часа има 12 милиони прегледи. Снимен е во истата куќа од спотот на „Hello“ со истиот музички тим . Британската поп ѕвезда објави дека нејзиниот прв албум по шест години пауза излегува на 19 ноември. Таа го сними албумот по големи промени и турбуленции во својот приватен живот и го нарече „30“, според возраста на која што се омажи и раздели од сопругот Сајмон Конецки во 2018.

„Откако се фрлив во лавиринт од апсолутен хаос и внатрешни превирања, сега се чувствувам подобро. Подготвена сум конечно да го објавам овој албум“, напиша Адел на Инстаграм.

Претходните два албума на Адел, „21“ и 25“, се продадоа во вкупно 53 милиони примероци.

Поп-ѕвездата и музички феномен Адел се појави на насловните страници на американскиот и британскиот „Вог“ за ноември, додека ја започнува промоцијата за нејзиниот албум. Со ова, британската пејачка е првата славна личност што се појавила на насловните страници и во двата изданија на списанието истовремено.