Адел на насловниците на британскиот и американскиот „Вог“-никогаш поубава

САД/Англија– Поп-ѕвездата и музички феномен Адел се појавува на насловните страници на американскиот и британскиот „Вог“ за ноември, додека ја започнува промоцијата за нејзиниот албум. Со ова, британската пејачка е првата славна личност што се појавила на насловните страници и во двата изданија на списанието истовремено.
Додека Вог споделува повеќе содржини откако Конде Наст ги спои американските и меѓународните оддели, секој Вог објави своја посебна содржина за таа ексклузивна пригода.
За британски Вог, Адел беше стилизирана од уредникот Едвард Енинфул, а фотографирана од Стивен Мејсел. За американскиот Вог, Адел беше стилизирана од Тоне Гудман, а фотографирана од Аласдаир Меклелан. За сликите, Адел доби над три милиони допаѓања.
Покрај тоа, списанијата објавија два одделни профили, плод на две одделни интервјуа. Во нив, мегаѕвездата споделува детали за новата музика, разводот од сопругот Симон Конецки во 2019 година и трансформациите што ги направи во однос на нејзиното ментално здравје и, да, нејзиниот физички изглед.
– Не сакав само да ослабам, туку да станам силна. Мислев, ако станам физички силна, тогаш ќе ги контролирам и моите емоции. Вежбам два или трипати на ден, вели Адел.
Околу разводот од Симон Конецки, признава дека го напуштила затоа што не била така среќна во тој брак како порано.
– Ништо лошо не се случи, едноставно повеќе не ми одговараше. Би бил мизерна, ако не се ставам себеси на прво место, појасни пејачката, начнувајќи ја и досегашната љубовна врска со спортскиот агент Рич Пол.
– Тој е толку забавен и инелигентен. Момците со кои бев порано го мразеа вниманието кога излегуваа со мене во јавност. Беа под стрес. На богатите не им е грижа, не му пречи, раскажува Адел.
Поминаа шест години откако Адел објави албум, а последниот беше 25 во 2015 година. Таа го објави 19 во 2008 година и 21 во 2011 година. Деталите за нејзиниот камбек се држат во тајност до крај. Адел неодамна објави кусо видео како најава за новата песна „Easy On Me“ којашто треба да излезе на 15 октомври. Обожавателите на пејачката се воодушевени и се очекува оваа песна да биде хит.