Адел ја потврди врската со Рич Пол и го сруши Интернетот

САД– Поп-ѕвездата (33) Адел, добитничка на 15 Греми, за првпат на Инстаграм сподели фотографија со своето момче Рич Пол, менаџерот на славниот кошаркар Леброн Џејмс, со оглед на тоа дека медиумите долго време пишувале за нивната наводна врска, па сега Адел одлучила да ги потврди сомнежите.
Фотографијата набрзо собрала повеќе од шест милиони лајкови и повеќе од 600.000 коментари од воодушевените следбеници.
“Конечно! Сакам и ти да си ја пронајдеш среќата”, “Кој е овој згоден маж”, коментирале следбениците.

Рич Пол (39) и Адел се во врска веќе неколку месеци, а гласините започнале да кружат кога заедно се појавиле на финалето на НБА во Феникс.
Годинава таа го финализираше разводот од Симон Конецки со кого има син.