АББА се обедини за прв пат по 40 години, најавува нов албум и дигитален концерт (видео)

САД– По долгогодишно одложување , ABBA официјално се обедини, објавувајќи го новиот албум „Voyage“ на 6 ноември.
Иако легендарната шведска поп- група ја пееше „“Me and I” “ на приватна гала во 2016 година – првпат настапуваа од 1986 година – ова е нивно прво официјално обединување по 40 години. Пред објавувањето, тие ја промовираа новата балада „I Still Have Faith In You” и синглот во диско ритам „Don’t Shut Me Down.”
Покрај тоа, ABBA, исто така, ќе изведе дигитален концерт на 27 мај 2022 година – што првпат го објавија во 2016 година. Концертот, во соработка со Light & Magic на Џорџ Лукас, ќе се одржи во арената на Олимпискиот парк Кралицата Елизабета во Лондон. Билетите ќе бидат достапни во продажба од 7 септември.
„Помина извесно време откако заедно правевме музика“, се вели во соопштението на бендот. „Речиси 40 години. Земавме одмор пролетта 1982 година и сега одлучивме дека е време да го завршиме. Тие велат дека е глупаво да се чека повеќе од 40 години помеѓу албумите, така што снимивме продолжение на „The Visitors“. Ние едноставно го нарекуваме Voyage“ и навистина пловевме во непознати води “. (Ролингстоун)