Зеленски се надева на мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември, Киев инсистира на европско учество
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се надева оти следниот круг од мировните преговори меѓу Русија, САД и Украина ќе се одржи во Абу Даби во периодот од 6 до 10 ноември.
Зеленски исто така посочи дека Киев инсистира Европа да учествува во преговорите за прекин на војната, ја нагласи потребата од единство и побара засилување на притисокот врз Русија.
Претходно, советникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, соопшти дека европски претставници нема да учествуваат на претстојните преговори.