За пет дена два случаи: Пронајдена мртва жена со траги на насилство во Ѓорче Петров
Со видливи траги на насилство по телото, пронајдена е мртва 76-годишна жена во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската општина Ѓорче Петров, . Случајот бил пријавен утрово во полиција од нејзината ќерка, јавува Телма.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во 9:18 часот било пријавено дека жената, со иницијали О.А., била пронајдена без знаци на живот. Екипа на Итната медицинска помош ја констатирала смртта, а по увидот телото било предадено на обдукција. За случајот бил известен и јавен обвинител.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за смртта и расчистување на случајот. Засега нема официјални информации за можен сторител или мотив.
Истрагата треба да ги утврди околностите под кои починала жената.
Сличен случај во истата скопска општина беше пријавен и пред пет дена, но се работеше за машко лице.
Маж пронајден мртов во Ѓорче Петров – можно е да станува збор за убиство