Маж пронајден мртов во Ѓорче Петров – можно е да станува збор за убиство
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера (22 октомври) во 18:40 часот во СВР Скопје.
На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт кај С.Ј. (62), со видливи траги на насилство.
Полициски екипи извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настапила смртта.