Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит


Лишени од слобода биле 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од село Морани, скопско, А.В.(20) од село Радишани, скопско, Љ.М.(59) од село Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од село Слупчане, општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од село Тополчани, прилепско. Со активна мерка – забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – се нагласува во соопштението на МВР.