Изгорела куќа во Зелениково, сопственикот се обидел сам да ја изгаси


Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13:00 часот во селото Тисовица, општина Зелениково, настанал пожар во куќа, сопственост на Р.Е.(37) од Тисовица, кој се обидел сам да го изгаси пожарот, но не успеал.

Како што се наведува во полицискиот билтен, куќата целосно изгорела, а повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.