Талентирани ученици на прием кај претседателката Сиљановска-Давкова по повод Денот на независноста


По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од независноста на државата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Вила Водно ќе прими талентирани ученици и нивните ментори од основните и средните училишта, кои во учебната 2025/2026 година учествувале на меѓународни научни олимпијади и натпревари, при што дел од нив освоиле медали, награди и признанија.

На приемот, како што соопштија од Кабинетот на претседателката, ќе присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Во 9 часот е предвидена панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“, на која, покрај претседателката, ќе учествуваат поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности.

Според најавата, учесниците ќе ги споделат своите видувања за политичките, институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независната македонска држава.