5 мај во историјата – Лансиран е парфемот „Шанел Бр. 5“


 

На 5 мај 1921 година, датум од симболично значење за неговиот иконски творец, парфемот „Шанел бр. 5“ официјално дебитира во бутикот на Коко Шанел на улицата „Камбон“ во Париз. Новиот мирис веднаш направи револуција во индустријата за парфеми и остана популарен цел век.

Габриел „Коко“ Шанел беше ќерка на продавач на облека, мајка беше перачка. Научила да шие во манастирот каде што татко ѝ ги испратил трите ќерки по смртта на нивната мајка кога Коко имала само 11 години. Од овие скромни почетоци таа брзо се етаблира на модната сцена откако нејзиниот љубовник, бигатиот текстилен магнат Етијен Балсан ѝ помогна да го отвори својот прв бутик. До 1921 година, Шанел беше прославена дизајнерка на облека и личност од јавниот живот, позната и по многу популарните, револуционерни дизајни на облека и по нејзините романси од висок профил и имиџот на јавноста кој беше поголем од животот.

Токму една таква романса доведе до создавање на „Шанел бр. 5“. Додека беше на одмор во јужна Франција со големиот војвода Дмитри Павлович, руски благородник во егзил кој би дел од групата што го уби Распутин, Шанел се сретна со парфимеристот Ернест Бо. Таа почна да работи со него на мирис што ќе го носи нејзиното име, наводно предизвикувајќи го да создаде мирис што „ќе мириса како жена, а не како роза“. Според легендата, Бо или неговиот асистент случајно додале „предозирање“ со алдехиди – хемикалии кои му помагале на мирисот да трае подолго, но кои биле ретко користени од парфимеристите од тоа време, кои претпочитале природни состојки и овошни мириси – на еден од примероците што ги подготвил за Шанел. Наведени се повеќе причини зошто Шанел се решила на овој мирис: многумина тврдат дека алдехидите ја потсетувале на сапун, мирис кој ја вратил во пералната на нејзината мајка, додека други тврдат дека таа го избрала петтиот примерок од серијата што Бо ја понудил поради нејзината доживотна опсесија со бројот пет. Шанел подоцна рече дека мешавината „беше она што го чекав… женски парфем, со мирис на жена“. Мирисот официјално ќе дебитира, заедно со нејзината нова колекција, на петтиот ден од петтиот месец во 1921 година.

Уште пред да дебитира, „Шанел бр. 5“ предизвика возбуда. Шанел организирала забава за некои од нејзините најмодерни пријатели, го испрскала парфемот околу масата и, според легендата, секоја жена што ќе поминела ја прашала за мирисот. Мирисот беше моментален хит, се сметаше за „почист“ од многу од најчестите парфеми, но исто така и „позрел“ и повозрасен, во согласност со јавниот имиџ на Шанел. Сега кога се смета за првт модерен парфем, „Шанел бр. 5“ е препознатлив и трае како најпознатите дизајни на облека на Шанел и самата дизајнерка.